12:58 - 31 јануари, 2026

Почина Тајка Нелсон, сестрата на легендарниот Принс: Причината за смртта непозната

Тајка Нелсон, сестрата на легендарниот поп пејач Принс, починала во понеделникот, на 65-годишна возраст. Веста за медиумите прв ја потврди нејзиниот син, Президент Нелсон, а набрзо се огласи и нејзиниот братучед кој ја сподели тажната вест на својот фејсбук-профил.

„Нашето семејство е крајно ожалостено поради веста за мојата роднина Тајка Ивен Нелсон, која почина утрово“, напиша Чарлс „Чез“ Смит. Тој сподели и црно-бела фотографија од себе и Тајка од времето кога и двајцата биле деца. Нејзиниот син Президент не откри детали, затоа причината за смртта засега не е позната.

Веста доаѓа повеќе од осум години по смртта на Принс, чие полно име беше Принс Роџерс Нелсон. Како него, Тајка се движеше во музичките води и издаде четири албуми од 1988 до 2011 година. Во јуни оваа година таа требаше да го одржи последниот концерт пред пензионирањето, но болеста ја спречи во тоа.

„Јас всушност воопшто не бев пејачка. Јас сум писателка. Едноставно се случи да знам да пеам. Уживам во пеењето”, порачала таа откако била принудена да се откаже од последниот настап. Нејзиниот последен јавен концерт се одржа во Австралија во 2018 година, а Тајка наводно работела на своите мемоари пред својата смрт.

Веста за нејзината смрт предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

„Таа имаше свој сопствен ум. Сега е на подобро место“, рекла Шерон, сестрата на Тајка. „Штотуку слушнав за смртта на Тајка Нелсон. Нашите срца се со нејзиното семејство во овој тежок период. Ве молиме почитувајте ја нивната приватност“, се вели во една објава на социјалната мрежа Икс.

Претходно оваа година, Тајка за медиумите се потсети на нејзиниот последен разговор со нејзиниот брат, кој се случил само четири дена пред неговата смрт.

„Тој само избегнуваше прашања. Тоа ме лутеше. Ја менуваше темата, ќе се пошегуваше и потоа двајцата ќе се смеевме“, опишала Тајка. Последен пат го видела Принс во живо во 2016 година, кога тој бил хоспитализиран.

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....