5.8 C
Скопје
13:07 - 21 февруари, 2026

Почина сопругот на Доли Партон: Со Карл Дин беа заедно повеќе од 50 години

Сопругот на кантри пејачката Доли Партон, Карл Дин, почина на 83-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја објави Партон на нејзината официјална веб-страница и социјалните мрежи.

„Карл и јас поминавме многу прекрасни години заедно. Нема зборови со кои може да се опише љубовта што ја делевме повеќе од 60 години. Ви благодариме за вашите молитви и сочувство”, рече пејачката во изјавата споделена на нејзиниот Инстаграм.

Доли Партон го запознала Дин пред перална во Нешвил, каде што се преселила на 18-годишна возраст.

„Бев изненадена што ми го гледаше лицето за време на разговорот (што беше реткост за мене). Изгледаше дека е искрено заинтересиран за тоа која сум јас“, прокоментира пејачката во едно интервју во 2016 година.

Две години подоцна, на 30 мај 1966 година тие се венчале на приватна церемонија. Тие отсекогаш го држеле својот брак подалеку од очите на јавноста, поради што многумина често коментирале дека Карл Дин всушност не постои. Во 2008 година, Партон призна дека нејзиниот сопруг служел како инспирација за хит песната Џолин, која ја напишала откако банкарска службенчка флертувала со Дин.

„Навистина сакаше да оди во банка затоа што таа жена му обрнуваше многу внимание. Тоа всушност беше нашата внатрешна шега – јас велев: Ти поминуваш многу време во таа банка. Мислам дека немаме толку пари. Значи, тоа е невина песна, но звучи ужасно“, коментира таа.

Партон и Дин немаа деца заедно.

Слични објави

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо
Се вчитува....