12.8 C
Скопје
18:22 - 14 март, 2026

Почина милијардерката Џоселин Вилденштајн, позната како „жената мачка“

Џоселин Вилденштајн, позната по прекарот „жена мачка“, почина на 84-годишна возраст. Нејзиниот долгогодишен партнер Лојд Клајн ја потврди тажната вест за францускиот магазин „Пари мач“, откривајќи дека Џоселин починала од белодробна емболија во Париз.

Родена како Џоселин Перисет на 5 август 1940 година во Лозана, Џоселин пораснала во скромно швајцарско семејство, далеку од гламурот што подоцна ќе го одбележи нејзиниот живот. Нејзиниот татко бил трговец со спортска опрема, додека нејзината мајка била домаќинка.

Уште како тинејџерка покажала амбиции за луксуз и социјален статус, а нејзиниот прв чекор кон светот на богатите и славните била врската со швајцарскиот филмски продуцент Сирил Пиге.

Откако се преселила во Париз, започнала врска со режисерот Серџо Гоби, кој ја вовел во круговите на високата мода и уметност.

Но, клучниот момент од нејзиниот живот се случил во 1977 година, кога на сафари патување во Кенија го запознала Алек Вилденштајн, наследник на едно од најпознатите семејства на трговци со уметнички дела. Нивниот брак во 1978 година ѝ ја отворил вратата кон светот на незамисливо богатство.

Џоселин водела живот исполнет со луксуз, трошејќи милиони на недвижности, мода и патувања. Сепак, јавноста најмногу ја заинтригира нејзината трансформација преку естетските зафати, со кои сакаше да го истакне своето лице, но се здоби со препознатлив изглед по кој го доби прекарот „жена мачка“.

И покрај богатството и гламурот, нејзиниот живот беше исполнет со драма, вклучувајќи бурен развод од Вилденштајн и финансиски колапс што ја остави во центарот на медиумските скандали.

Разводот на Џоселин Вилденштајн и Алек Вилденштајн во 1999 година влезе во историјата како еден од најскапите. Џоселин тогаш доби 2,5 милијарди евра како еднократна исплата и 100 милиони евра годишно во следните 13 години, заедно со голем број луксузни недвижности.

Вниманието на медиумите го достигна врвот откако Џоселин го затекнала сопругот во компромитирачка ситуација со 19-годишна Русинка, предизвикувајќи жестока сцена во нивниот пентхаус во Њујорк.

Најголемата контроверзност во нејзиниот живот ја предизвикаа естетските операции кои ѝ го дадоа прекарот „Жена мачка“. Наводно потрошила повеќе од 4 милиони евра за естетски зафати.

– Никогаш не сакав да изгледам како мачка – тврдела таа во интервју за „Венити фер“, па додала:

– Само сакав да ги истакнам своите јаболчници и очи, кои отсекогаш биле моја најсилна карактеристика.

И покрај огромното богатство стекнато со разводот, Џоселин прогласи банкрот во 2018 година. Причините лежеле во неверојатните трошоци – од 60.000 евра месечно за телефонски сметки до милиони за луксузен стил на живот.

– Никогаш не научив како да управувам со парите – признала во таа прилика.

Последните години од животот ги помина со свршеникот, модниот дизајнер Лојд Клајн. Нивната врска ја одбележаа јавни скандали и обвинувања за насилство, но тие останаа заедно до нејзината смрт.

– Под гламурозната надворешност се криеше исклучително ранлива и нежна личност – ја опишал Клајн.

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо
Се вчитува....