14:30 - 4 април, 2026

Почина Андреј Ѓорѓиески од „ДНК“, трагично го загуби животот во страшниот пожар во Кочани

Андреја Ѓорѓиески – Андреј од „ДНК“ е еден од загинатите во пожарот што избувна во дикотеката „Пулс“ во Кочани. Познатиот музичар на 43 години трагично го загуби животот, пренесуваат повеќе македонски медиуми.

Како што пренесоа неколку медиуми, Андреј подлегнал на повредите, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот.

Цело утро за него се споделуваа апели да се пронајде, дека не се знае каде е, а по информацијата дека наводно е лоциран, за жал осамна веста за неговата смрт.

Дел од македонската естрада и блиските веќе се простуваат од него на социјалните мрежи, меѓу кои Лила, Миа Костова, Тамара Тодевска, Весна Петрушевска…

Андреј Ѓорѓиески заедно со Владимир Блажев – Панчо беше дел од популарното музичко дуо „ДНК“. Заедничката кариера ја започнаа во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на „ДНК“ со наслов „Девојка за везден“ за кој снимаaт и видео запис.

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....