7.8 C
Скопје
15:01 - 22 декември, 2024

По долгогодишното молчење за неговиот син и Брижит Макрон, таткото на Емануел Макрон проговори за односот со снаата: „Тоа се приказни за мали деца“

Сите овие години откако Емануел Макрон заплови во политичките води, но и за време на неговиот прв претседателски мандат, неговиот татко Жан Мишел Макрон немаше потреба да зборува за нешто во јавноста. Делуваше и набљудуваше од сенка, се досега…

Жан Мишел Макрон беше многу дискретен досега, кога е во полн ек втората претседателска кампања на неговиот син Емануел Макрон. Само неколку дена пред вториот круг од француските избори во L’Alsace беа објавени негови колумни во кои зборува за лажните гласини за бракот на неговиот син и Брижит Макрон.

Иако досега молчеше, Жан Мишел Макрон изгледа решил да ги искористи своите пет минути слава, па со јавноста сподели детали од приватниот живот на неговиот син. Почитуваниот невролог откри дека е лага дека тој и неговата сопруга го принудиле Макрон да го напушти родниот град за да ја спречат неговата врска со Брижит Макрон.

„Тоа се приказни за мали деца. Уште од самиот почеток беше договорено Емануел последната година од своето школување да ја помине во Париз,  за да може полесно да се запише на факултет. Новинарката чие име не сакам ни да го спомнам и која ужасно ме нервира (станува збор за Ен Фулди, авторката на книгата за Емануел Макрон) напиша сè погрешно“, стои во колумната на Жан-Мишел Макрон.

Откако ги разјасни работите што го мачеле со години, таткото на сè уште актуелниот француски претседател за La République ја опиша врската помеѓу неговиот син и снаата, признавајќи дека само неговата сопруга имала проблем да ја прифати Брижит Макрон во нивното семејство.

„Кога си маж, од 17-годишниците очекуваш да прават што сакаат“, рече тој.

Според неговите зборови, тој од самиот почеток бил свесен за љубовната приказна и каде водело тоа. „Можеби беше прерано, но кој сум јас да судам… Со текот на годините, се покажа дека вредело“, додаде Макрон.

Емануел и Брижит Макрон се заедно повеќе од дваесет години, а нивната љубов сè уште е силна како првиот ден. Во секое време, приватно или деловено, првата дама на Франција е најголемата поддршка на нејзиниот сопруг. „Тие сè уште се забавуваат, се смеат, се шегуваат, се држат за рака, се бакнуваат. Нивната врска е сè уште свежа и полна со страст“, откри неодамна Гаел Чакалоф во новата книга.

И додека неговиот татко е на страната на нивната љубов, мајката на Макрон, Франсоаз Ногес, никогаш не била претерано наклонета кон нејзината снаа Брижит Макрон. Токму поради тоа францускиот претседател ги залади односите и ретко се гледаше со неа. Сепак таа тврди дека е исклучително блиска со синот и снаата, опишувајќи ја врската со Брижит како пријателска.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....