3.8 C
Скопје
20:19 - 20 декември, 2024

Плодови кои содржат супстанции што ја штитат кожата од УВ-зраците

Редовното консумирање одредена храна може да го ублажи штетното влијание што УВ-зраците го имаат врз кожата, доколку подолг период сме изложени на сонце. Со внесување на потребните витамини и минерали, дури за 50 отсто се намалува ризикот од настанување меланом.

Нутриционистите издвоиле десетина намирници, кои мора да се јадат во текот на жешките летни месеци.

Цитрусно овошје
Лимоните, портокалите, лиметата и грејпфрутот изобилуваат со витамин Ц. Според податоците добиени како резултат на многубројни истражувања, токму витаминот Ц во комбинација со витаминот Е може да ја намали можноста да изгориме на сонце дури за 60 отсто. Покрај тоа, овие овошки во својот состав содржат и лимонен, кој важи за моќна противвоспалителна и антиканцерогена киселина. Токму оваа супстанција тесно се поврзува со влијанието што го има врз минимизирањето на можноста од појавување и развој на канцерогените клетки на кожата, притоа спречувајќи ја и појавата на рак на кожата. Во составот на овој вид овошје има и антиоксиданси, кои ги штитат клетките од штетното влијание на слободните радикали што се акумулираат тогаш кога кожата ќе изгори од силните сончеви зраци.

Морков
Морковите важат за најдобар извор на бета-каротен, растителен пигмент, кој е познат по тоа што многу позитивно влијае врз зачувувањето на целокупното здравје и поради одржувањето на виталноста на внатрешните органи. Покрај тоа, бета-каротинот, многу помага и во намалувањето на штетното влијание кое сонцето го има врз кожата, но најпознат е по својата моќ многу успешно да ги штити и очите. Благодарение на сето тоа, морковот и од стручната јавност е признаен како еден од најкорисните зеленчуци кога станува збор за храна што може да помогне во заштитата од штетните УВ-зраци.

3. Јагоди
Ова за многумина омилено овошје, во својот состав содржи моќна комбинација на антиоксиданти и витамин Ц, кои помагаат во заштитата на кожата од оштетувања предизвикани од силните сончеви зраци. Но, моќните својства што ги има јагодата, помагаат и за заздравување на изгорениците доколку невнимателно подолг период сме биле изложени на сонце.
Јагодите покрај тоа што важат како одлична заштита од силните сончеви зраци, може да се користат и како облоги на изгореното место. Состојката танин, која се наоѓа во составот на ова овошје, може да помогне кон ублажување на непријатното чувство на боцкање по изгорените делови од кожата. Затоа, ако се најдете во таква ситуација, сѐ што треба да направите е да ја пресечете јагодата на половина и да ја втриете по изгорениот дел на кожата. Оставете да делува, а потоа третираното место исплакнете го со вода.

4. Зелен чај
Само две шолји зелен чај во текот на денот може да ви помогнат да ја спречите појавата на горење на кожата, кое може да се јави поради долгата изложеност на силните сончеви зраци. Најважните состојки што ги има зелениот чај се полифенолите, кои имаат моќно антибактериско дејство и значително ја намалуваат и можноста за добивање изгореници по кожата од долготрајното оштетување од УВ-зраците.

5. Калинки
Ова вкусно овошје во својот состав изобилува со антиоксиданти. Покрај тоа, во калинките е содржана и елагична киселина, растителен полифенол што има антиканцерогени својства, бидејќи има моќ да го спечи ширењето на канцерогените клетки, истовремено спречувајќи ја можноста за мутација на ДНК-клетките.

6. Бадеми

Бадемите се еден од најбогатите извори на витамин Е, кои учествуваат во заштитата на кожата, како и во нејзината регенерација. Овие јаткасти плодови во својот состав содржат и кварцетин, антиоксидант што ја засилува заштитната функција на плодот од штетните УВ-зрачења, а успешно се бори и против опаѓањето на колагенот и со тоа ја спречува појавата на брчки на кожата.

7. Црно грозје
Фитонутриентите од црното грозје многу пријатно делуваат врз комплетната регенерација на кожата. Семките во средишниот дел на секое зрно од ова овошје, во својот состав содржат полифеноли, кои го спречуваат настанувањето на рак на кожата, кој може да се случи од континуираната изложеност на УВ-зрачењата.

8. Домати
Кога редовно јадеме домати, во своето тело акумулираме каротеноид ликопен, антиоксидант што ги неутрализира слободните радикали, чиј број може константно да се зголемува, поради предолгата изложеност на штетните УВ-зрачења. Покрај тоа, со редовно јадење домати се намалува можноста за појава на низа воспалителни процеси на кожата, кои на подолг рок можат да бидат основна причина за загрозување на здравјето на најголемиот човечки орган.
Исто така, важно е да се напомене и дека телото многу полесно ќе го апсорбира ликопенот доколку доматот се консумира во течна состојба. Затоа, се препорачува секој ден да испиете барем 200 милилитри доматно пире, кое самите ќе си го подготвите од органски одгледани домати.

9. Лубеница
Дали постои некој што не сака да јаде лубеница? Освен тоа што ќе ве освежи во текот на летото, таа е добра и за здравјето на кожата и многу помага во одржувањето на нејзината еластичност. И лубеницата во својот состав содржи ликопен, и тоа многу повеќе отколку што го има во доматот.
Напомена: Доколку сте во недоумица дали ако ја чувате лубеницата во фрижидер за да ја разладите, ќе се намали присуството на ликопен, важно е да знаете дека тоа од што се плашите навистина и ќе се случи. Количеството ликопен се намалува доколку храната се лади. Сепак, ако не сакате да јадете неразладена лубеница, во тој случај ќе морате да изедете поголеми количества. Единствено на тој начин ќе внесете повеќе ликопен во организмот.

10. Ленено семе
Омега-3 масните киселини што ги има во лененото семе, можат многу да помогнат во заштитата на кожата од изгореници, намалување на воспалителните процеси и учествуваат во спречувањето на појавата на рак на кожата. Маслото направено од ленено семе, исто така ја штити кожата од штетните УВ-зрачења и помага во одржувањето на нејзината влажност и спречува појава на нејзино сушење.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....