16:20 - 30 јануари, 2026

Пласидо Доминго во центар на скандал: Го поврзуваат со криминална група која тргувала со луѓе

Јавното обвинителство на Република Аргентина го поврза оперскиот пејач Пласидо Доминго со криминална група од градот Буенос Аирес која служела како параван за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и други кривични дела, пишува NPR.

Минатата недела аргентинската полиција извршила 50 рации на локации поврзани со оваа криминална организација и уапсила 19 лица. Криминалната група дејствувала под името Буенос Аирес школа за јога.

Неколку јужноамерикански телевизии објавија аудио снимки на кои наводно се слушаат Доминго и членовите на криминалната организација како прават различни планови. Снимките се добиени со прислушување, а засега јавноста се уште не знае кога се снимени. Контекстот на снимките кои излегоа во јавноста не е познат.

На снимките се слуша како лицето, за кое обвинителите тврдат дека е Пласидо, разговара со жената Менди, која е задолжена за договарање на сексуалните средби. Пласидо дури напоменува дека во собата ќе дојде одвоено од девојката со која треба да има сексуален однос, бидејќи неговите агенти се сместени на истиот кат од хотелот. На друга снимка се слуша како Менди бара од водачот на криминалните активности, Хуан Перковиц, да го прослави нејзиниот успех, односно договарање планови со човек кој го нарекува Пласидо.

Пласидо Доминго неколкупати беше во центарот на вниманието поради сексуална злоупотреба. Од 2019 година, дури 20 девојки излегоа во јавноста со тужби против пејачот. Неколку жени го обвинија Доминго дека ја користел моќта на Операта за да ги принуди на сексуални односи, а некои го обвинуваа за вознемирување, недолично сексуално однесување и дека во некои случаи ја користел својата позиција за да им наштети на кариерата.
По обвинувањата, прочуениот пејач се раздели со Метрополитен опера и поднесе оставка како генерален директор на ЛА Опера во Калифорнија.

 

Слични објави

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо
Се вчитува....