11:50 - 8 април, 2026

„Placebo“ од балкон во Лондон испраќаат многу љубов: Луѓе, чувајте се меѓусебно!

Култниот алтернативен бенд „Placebo“, чиј концерт е најавен за во јуни во Скопје, како резултат на ситуацијата со коронавирусот, ја прекинаа работата во студиото, па им порачаа на обожавателите да внимаваат на себеси.

„Снимавме во студио и бевме практично во групен карантин последните неколку месеци, заклучени во својот простор со недели. Си одевме дома само за спиење. Така што се чувствуваме изолирано, но тоа едноставно не беше доволно. На крај, одлуката да ја прекинеме таа сесија беше паметна и ќе почитуваме се што е неопходно да се направи“, објаснува бендот на својата Фејсбук страница.

Гитаристот и пејач Брајан Молко, како и басистот Стефан Олсфал, велат дека се сигурни оти нивните фанови чувствуваат „разочарување, бес, загриженост и помалку страв“.

Hi everyone. We’ve been a bit in denial I think.. As most of you know, Placebo are – were! in the studio recording. …

Publiée par Placebo sur Mardi 24 mars 2020

„Што сега? Има доста работи кои би ги промениле, но прашање е како тоа да го направиме со ведар дух, бидејќи е многу лесно да му се препуштиме на негативното однесување. Имавме такво искуство и знаеме дека тоа лесно се случува. Но, одиме напред, ова се нови времиња, па така имаме и нови можности.Чувајте се меѓусебно и се гледаме на другата страна. Многу љубов од балконот во Лондон“, порачуваат „Placebo“.

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....