04:05 - 3 април, 2026

ПЕТАР ГРАШО И ХАНА ГО РЕНОВИРААТ ДОМОТ, СЕ ЗНАЕ ДАТУМОТ НА РАЃАЊЕТО НА ДЕВОЈЧЕТО: Нивните соседи откриваат детали!

За секои нови родители нема послатка задача од подготовката за доаѓањето на детето, а исклучок не се ниту Петар Грашо и Хана Хуљиќ Грашо.

Иако сплитскиот музичар деновиве е зафатен со подготовка на неговите концерти во загрепската Арена, кои ќе се одржат следниот петок и сабота, тој и Хана сериозно се зафатиле со реновирањето на нивниот дом во Сплит.

Како што изјавиле соседите на младенците за хрватските медиуми, чиј дом се наоѓа во центарот на Сплит, на уредувањето на куќата се работи веќе извесно време.

Според соседите, станува збор за големо реновирање, па затоа младенците Петар и Хана морале да се иселат на неколку месеци. Сега се во станот на Хана во Загреб, каде што поминуваат многу време откако се заедно.

Доколку се оди според планот, куќата треба да биде готова до пролет – токму на време за Петар и Хана да ја реновираат детската соба пред породувањето – околу 15 јули.

Со оглед на тоа што Грашо изјави за хрватските медиуми дека Хана носи девојченце, може да се претпостави дека детската соба во нивниот реновиран дом ќе биде во нежни, пастелни бои.

Да потсетиме, парот се венчаше на 19 февруари во сплитската црква Св. Доминик, а потоа беше организирана свечена вечера за триесетина најблиски роднини и пријатели во поранешниот ресторан на семејството Грашо. На 19 март Грашо ќе го прослви својот 46, но и првиот месец од бракот.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....