2.8 C
Скопје
00:18 - 12 март, 2026

Пејачот Џенан Лончаревиќ и Самира се разведоа: По 25 години официјално ставија крај на бракот

Пејачот Џенан Лончаревиќ се разведе од сопругата Самира по 25 години брак. Двојката официјално се разведе во петокот на 19 јули, дознава српски „Курир“.

Пејачот и неговата сопруга никогаш не се појавија во јавноста, а живееја меѓу Белград и Пријепоље. Самира и Џенан се запознале пред тој да стане голема музичка ѕвезда, а судбоносното „да“ го кажале во 2006 година.

Потсетуваме, веста за нивниот развод стигна во јавноста во април годинава, по што и неговата поранешна сопруга го објави прашањето за имотот и причината за разводот.

По децении на сцена, Џенан успеа да го задржи приватниот живот за себе, држејќи се до своите принципи, а пред неколку месеци откри зошто не сака да открива детали од своите четири ѕида, како што прават повеќето негови колеги.

– Ништо не кријам, само не сакам тоа што е мое да биде изложено во јавноста. Им посакувам сета среќа на оние кои на таков начин ја градат својата кариера. Апсолутно ништо не кријам, ниту пак сакам да се зборува за тоа. Отсекогаш сум имал добар однос со новинарите, тие се културни, јас сум културен и толку – објасни Џенан.

Иако се обидуваше да го сокрие приватниот живот од очите на јавноста, во медиумите излезе дека пејачот имал паралелна врска со жена со која неодамна доби дете. Жителите на Пријепоље беа згрозени од ситуацијата и остро го осудија Џенан, кој може да и направи такво нешто на неговата сопруга, која неодамна беше оперирана.

Самира со години молчеше на оваа тема, но по вестите во медиумите реши да проговори за се, па откри во каков проблем се нашла по две децении брак.

– Најголем проблем е имотот, доживеав дека после 25 години брак сака да ме исфрли од дома. Веднаш би го потпишал барањето за развод, веднаш, но проблемот е имотот, бидејќи сè што купил е ставено на име на мајка му. Сега купил стан во Белград на име на таа жена, го ставил на нејзино име да не можам да добијам ништо. Тоа е проблемот – изјавила во една прилика Самира за Телеграф.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....