18.8 C
Скопје
16:40 - 11 март, 2026

ОСКАРИ 2022: Сите изненадувања и неочекувани имиња на сметка на ѕвездите од голем калибар

Никогаш досега немало толку многу непознати имиња кои се најдоа на листата на номинирани за Оскар, наместо ѕвездите од голем калибар, како што е случај оваа година.

Во петте најдобри за Споредна женска улога, не се најдоа имињата на извонредните Кејт Бланшет и Френсис МекДорманд, ниту легендарната Рита Морено – која се врати благодарение на малата, но значајна улога во „Вест Сајд Стори“. Ниту пак, Рут Нега, ѕвезда на филмот „Пасинг“, филм обожаван од критичарите.

Подеднаква е ситуацијата и во машкиот „сектор“, за најдобри Споредни машки улоги. Тука елегантни и докажани глумци останаа без номинација, како Џаред Лето во „Куќата Гучи“, Бредли Купер (Licorice Pizza), и Бен Афлек кој, иако со поддршка на Џорџ Клуни, не доби место меѓу петте на „Листата на големите очекувања“.

Трој Коцур – првиот глув актер номиниран од Академијата, ко-ѕвезда во драмата „КОДА“ ѝ ја „грабна“ номинацијата на (многу омилената) колешка од сетот, Марли Марлин, добитничка на Оскар во 1986 година за нејзината потресна изведба во „Children of a Lesser God“.

Крштевање, односно прва номинација, ѝ се случи на Бијонсе за Be Alive, песна компонирана за филмот со Вил Смит, „Кралот Ричард“.

Останувајќи сè уште на музичкото поле, Дајан Ворен, авторка на култни песни како што е I Don’t Want to Miss a Thing (изведена од Аеросмит), ја освои својата 13-та номинација, а до сега ниеднаш не го добила Оскарот. Дали овој пат ќе успее да победи?

Меѓу режисерите нема ни трага од француско-канадскиот мајстор Денис Вилнев, иако неговиот „Dune“ е меѓу најдобрите филмови. Па дури го нема ни Педро Алмодовар, и покрај тоа што неговата Пенелопе Круз (Parallel Mothers) беше номинирана на листата на најдобри актерки.

Слични објави

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin
Се вчитува....