6.9 C
Скопје
04:12 - 1 април, 2026

„Опенхајмер“ ја победи „Барби“: Има поголема гледаност, а десетка му дале 20.000 луѓе

Борбата меѓу филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“ продолжува, а иако едниот има поголеми бројки, се очекува другиот да заработи повеќе.

„Барби“ на Грета Гервиг и „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, два многу различни летни мега-хит филмови се борат за рекорди на кино благајните. Овие два филма беа објавени во САД во ист ден, а интересот меѓу нивните обожаватели стана вистинска интернет сензација.

Сепак, зигледа дека Опенхајмер победи, барем во однос на оценките на базата на податоци за филмови, ИМДБ. Филмот досега е оценет од повеќе од 39.000 луѓе, а оцената му е 9/10. Чиста десетка му дале повеќе од 21 илјада гледачи, а единица му дале само 600 луѓе.

Барби досега е оценета од повеќе од 17 илјади луѓе, а има оценка 7,8/10.

Иако има помали оценки, се проценува дека филмот „Барби“ сепак ќе заработи повеќе пари. Според проценките, филмот „Барби“ би требало да има профит од 95 до 110 милиони долари и тоа само во Северна Америка. Додека за истата област се проценува дека ‘Опенхајмер’ ќе заработи 50 милиони долари.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....