14:04 - 30 јануари, 2026

Охрид со морски цени: 400 денари за порција пржени лепчиња, парче пченка за 100 денари

Домашните туристи годинава се жалат на цените во Охрид кој е доста поскап во однос на минатата година.

Многумина коментираат дека цените во нашиот најпопуларен туристички град се „морски“, и нема голема разлика од  цените на Халкидики во Грција.

Кафе во познатите барови покрај езеро чини од 120 денари па нагоре, а во стариот дел на Охрид, еден турист од Скопје ни раскажа дека платил 180 денари за студено инстант кафе. Соковите во центарот на градот, во чаршијата и во популарните локали на кејот се 150 денари, пивото од 150 па нагоре.

-Во Ханиоти во Грција, во бар на плажа земав кафе за носење за едно ипол евро. Во Охридската чаршија, кафе за носење чини исто толку, 90 денари. Не го потценувам Охрид, но годинава се претера со цените. Дојдовме само на викенд со семејството, и не можевме да си дозволиме да јадеме во ресторан како претходни години. Се гледа дека цените се прилагодени за странските туристи, на наша штета“, ни изјави еден турист од Скопје.

Охридски појадок на пример чини дури 400 денари. Таа цена е за две парчиња леб, две јајца „на око“, чадено пилешко, кашкавал или сирење и маслинки. Исто толку пари, 400 денари чинат пржени лепчиња. Во оваа порција се добиваат четири лепчиња со сирење, ајвар и маслинки. Сендивичите во еден ресторан на охридскиот кеј чинат од 450 до 750 денари, а бургерите се од 550 до 600 денари. Охридски појадок се нуди и за 300 денари, со омлет и охридски варен ѓеврек.

Тестенините во ресторан кој е исто така на охридскиот кеј чинат од 370 до 470 денари, лазањите 450, рижото со морски плодови 570.

Килограм охридска пастрмка е 2900 денари, а килограм белвица и крап е 1900 денари. Морска даска за 4 лица чини 4.200 денари.

И продавачите на пченка ги зголемија цените двојно во однос на минатата година. Едно парче варена или печена пченка чини 100 денари.

Изнајмувањето на лежалки на плажите е иста цена како и лани, од 150 до 200 денари.  Целодневен билет за паркинг на познатите плажи надвор од Охрид е 200 денари.

Слични објави

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо
Се вчитува....