10:01 - 12 март, 2026

ОД КОРОНАВИРУС: Си замина најдобриот југословенски фотограф, легендата што толку многу направи за Балканците во светот!

Славниот фотограф со црногорско потекло Чедомир Комљеновиќ познат во светот како Монти Шадоу, од 1980-те со постојана адреса на живеење во Сан Назаро, во близина на Милано, почина на 81-годишна возраст во болницата во Верчели, Италија, од здравствени последици предизвикани од коронавирусот.

Чедомир Комљеновиќ, меѓу „нашите“ познат по прекарот Чедо, беше хоспитализиран во последните денови поради пневмонија предизвикана од Ковид.

Во својот дом ги угости блиските пријатели Силвестер Сталоне, Керол Алт, Жан Тод и Арнолд Шварценегер, а нам ни овозможи интервјуа со дузина славни личности.

Беше личен пријател на Нелсон Мандела.

Покрај тоа што беше меѓународно познат фотограф, Монти Шадоу беше и претприемач, уредник на списанија и промотор.

Во раните 1980-ти, благодарение на неговата соработка со Фила, Ферари, Мерцедес и Бмв, тој влезе во Ф1 и стана омилен фотограф на многу возачи, почнувајќи од Нелсон Пике, Аиртон Сена, Жан Алези.

Овекувачот на џет-сетот, Монти Шадоу беше пријател со глумците Силвестер Сталоне, Шарлиз Терон (допринесе од модел да стане глумица), како и со бројни модели Керол Алт (која ја овековечи во многу кадри од 80-тите) и Арнолд Шварценегер.

Монти беше фотограф, промотер и пријател на многу од  врвните модели, меѓу кои Наоми Кембел, Линда Евангелиста, Синди Крафорд, Кристи Бринкли, Кристи Тарлингтон, Стефани Сејмур.

И Формула 1 тажи по Чедо

Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1, го изрази своето сочувство на Твитер:

„Длабоко сум трогнат и тажен што слушнав дека вистинскиот пријател на Формула 1, Монти Шадоу, е мртов. Неговиот креативен гениј ќе ни недостига на сите нас и неговите фотографии од овој спорт, секогаш ќе биде дел од нашата историја“.

Балканот и Монти

Чедо несебично им помагаше во успехот на Балканците во светот.

Со несебична поддршка промовираше спортисти, тенисери, писатели, сликари, новинари од сите краеви на поранешна Југославија, секогаш акцентирајќи дека и тој е дел од нас.

Беше далу пред, денес таканарачените инсфлуенсери, беше прв инфлуенсер во 80-те години и највлијателен до денес.

инстаграм

Збогум, наш мил.

Слични објави

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо
Се вчитува....