17.8 C
Скопје
17:04 - 11 март, 2026

„Од каде наоѓам коренчиња – веднаш ги засадувам“, Зојка Никова сама се грижи за преубавиот двор во Моноспитово

Зојка Никова е поранешна земјоделка, но веќе десет години не се занимава со земјоделие.

– Маж ми беше шофер и јас сама не можев да работам по нивите – вака ја започнува Зорка својата приказна. – Пред една година маж ми почина, сама сум и сама се грижам за дворот. Кога беше жив, маж ми ми помагаше, а сега мене и по два дена ми требаат за да го средам дворот, да искосам трева, да навадам…А немам нешто сила како што имав порано – искрена е Зојка.

Преубавиот двор на Зојка е во село Моноспитово.

Ни раскажува како ѝ изгледа денот.

– Прво ќе го испијам кафето и веднаш почнувам околу дворот. Прво дворот го средувам, после друго. Ако не ми е дворот како што треба, мислам душата не ми е мирна – вели Зојка и нагласува дека сè што прави во дворот прави и за покојниот маж, зашто и тој имал огромна љубов кон дворот и цвеќињата.

За оние кои сакаат да почнат со уредување на двор и одгледување цвеќе, Зојка советува:

– Прво треба љубов за цвеќето, не само да се посади, а да не се погледне. И цвеќето си сака љубов. Јас иако сум сама, не го оставам…Вложувам многу труд, му посветувам големо внимание, прво на цвеќето, на дворот, па потоа за себе – ни открива Зојка.

Инаку, Зојка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Зојка во Моноспитово.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Расцутена радост во Градско, Николина ни ја покажа пролетта во нејзиниот двор

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо
Се вчитува....