0.8 C
Скопје
03:23 - 10 март, 2026

Oд дете бегалец кое пораснало во скромни услови, босанската манекенка стана симбол на соништата што можат да се остварат

Моника Радуловиќ, која избегала од разорената Босна од војната како дете, денес е успешен модел, поранешна Мис Универзум Австралија и инспирација за многумина.

Животната приказна на Моника Радуловиќ звучи како филмско сценарио.

Родена во 1990 година во Завидовиќи во Босна и Херцеговина, за време на воените години таа била принудена со своите родители и помладиот брат да го напушти домот и да побара безбедност надвор од границите. Семејството прво нашло засолниште во Данска, а потоа се преселило во Австралија, каде што Моника го изградила својот живот и кариерата.

Во интервјуата, таа често нагласуваше колку тешки биле нејзините почетоци – четиричленото семејство живеело во соба од 12 квадратни метри, со само еден куфер. Родителите работеле на разни работи за да обезбедат подобра иднина за своите деца, а Моника уште од рана возраст покажала решителност и амбиција.

Иако модната индустрија брзо ја препознала, Моника паралелно градела и академски пат. Дипломирала психологија на Универзитетот во Западен Сиднеј, со највисоки почести. Таа комбинација од убавина и образование наскоро ја издвоила на австралиската сцена.

Во 2015 година, таа ја освои титулата Мис Универзум Австралија, а истата година ја претставуваше својата нова татковина на светскиот избор за убавина. Во конкуренција на најубави жени во светот, таа влезе во самиот врв – заврши меѓу Топ 5 финалистки, со што дополнително го зацврсти нејзиниот статус на меѓународната сцена.

Пред тоа, во 2014 година таа беше трета придружничка, а 2015 година ѝ донесе круна и планетарна препознатливост.

Приватно, Моника ја пронајде среќата со сликарот Алесандро Љубичиќ, со кого се омажи во 2018 година. Двојката има два сина, Лука и Матео, и често споделува среќни моменти од семејниот живот на социјалните мрежи.

Денес, Моника Радуловиќ често се наведува како пример за успех и упорност. Дете бегалец кое пораснало во скромни услови стана симбол на соништата што можат да се остварат – без оглед на околностите.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....