14.8 C
Скопје
21:44 - 1 октомври, 2026

„Облеков“ многу жени на естрадата: Брена откри дека им ги подарувала фустаните на колешките

Лепа Брена со години е на сцената, а со секој концерт се труди да ги помести границите и да ѝ подари нешто ново на својата публика.

Пејачката откри дека го следи секој сегмент поврзан со секој концерт, и дека има „човек за сѐ“.

– Порано беше доволно само да се појавиш, тогашната продукција беше поинаква, денешните концерти се големи спектакли. Мојата публика заслужува секогаш да ѝ давам многу повеќе елементи од нов фустан и песни. Навикнат сум да го контролирам секој сегмент од таа приказна и секако имаме човек за сѐ. Костимите се направени за мене лично, имам проблем со телото, рамениците ми се премногу широки во однос на колковите. Видов како се прават креации за Тина Тарнер, Шер, Селин Дион, Бијонсе – вели Брена.

Како што открила, последните неколку години ги чувала сите костими, а гардеробата им ја подарувала на колешките.

– Ги чувам. Особено оние што се правеа во последните десет, 15 години. Еден кат во мојата куќа е одвоен за костими. Тоа се спомените кои не можам да ги испуштам. Што се однесува до приватните работи и некои полесни фустани, додека ја држевме Гранд продукција, им подарував на жените кои го носеа мојот број. На младите пејачки им подарив фустани. Имам облечено неколку жени на сцената. Тоа е импресивна бројка. Испраќавме и за хуманитарни цели, главно анонимно.

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....