5.8 C
Скопје
00:41 - 1 април, 2026

Објавено е колку Русија заработила од нафта и гас во првите 100 дена од војната

Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива во првите 100 дена од војната во Украина. Повеќето фосилни горива биле испратени во Европската Унија, а просечната извозна цена била за околу 60% повисока од минатата година, покажа новото истражување.

Имено, според извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот (CREA) во Финска, дури 61% од рускиот извоз на фосилни горива отишол во Европската Унија за околу 57 милијарди евра.

Најголеми поединечни земји кои увезуваат руски фосилни горива се Кина (12,6 милијарди евра), Германија (12,1 милијарди евра) и Италија (7,8 милијарди евра), според извештајот објавен од AFP.

Најголем дел од приходите од фосилните горива на Русија се однесуваат на сурова нафта (46 милијарди евра), а потоа следи гасот што Русија го извезува преку гасоводите, нафтените деривати, природниот гас (LNG) и јагленот.

Иако рускиот извоз на фосилни горива се намали во мај, бидејќи многу земји и компании го намалија увозот на руска енергија поради инвазијата на Украина, глобалниот раст на цените на фосилните горива продолжи да го полни рускиот буџет, при што приходите од руските фосилни горива достигнаа рекордно ниво.

Цените на руските фосилни горива за извоз се во просек за 60% повисоки од минатата година, се вели во извештајот. Некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемија увозот на фосилни горива од Русија.

„Додека ЕУ размислува за построги санкции кон Русија, Франција го зголеми својот увоз и стана најголемиот светски купувач на природен гас“, рече аналитичарката на CREA, Лаури Миливирта.

„Со оглед на тоа што повеќето од овие набавки не се однесуваат на долгорочни договори, тоа значи дека Франција свесно одлучила да ја користи руската енергија по инвазијата на Украина“, додала таа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....