3.8 C
Скопје
15:44 - 20 декември, 2024

Обичаите и значењето на ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: На Велики четврток се вапсуваат првите три јајца, Велики петок е строг пост

Велигден е најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските
верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на Исус Христос по
неговата смрт со распнување околу 27-33 година од н.е. Тоа се случило на третиот
ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта, односно првиот ден недела по
Велипеток. Велигден се празнува три дена и претставува т.н. „движечки“ празник, што
значи дека неговиот датум се менува секоја година, но секогаш мора да биде во
недела.

Велигден и празниците што се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат

на ист датум секоја година според грегоријанскиот (граѓанскиот календар) или
јулијанскиот календар (кои го следат движењето на Земјата околу Сонцето и
годишните времиња). Тие се фиксни според месечевиот календар, кој е сличен, но
не ист со еврејскиот календар.

Велигден се празнува по еврејскиот празник Пасха, во првата недела по полна

Месечина, која е на самиот ден на пролетната рамноденица или непосредно по неа.
Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу 4 април и 8
мај.

Душевен и телесен пост

Во времето на постот потребно е повеќе да ја храниме својата душа со молитва отколку телото со храна и телесни уживања.

Телесниот пост сам по себе не е доволен ниту многу користи, ако не го следи
духовниот пост под кој се подразбира воздржување од секој грев од една страна и
правење добри дела, посебно дела на милост, од друга страна.

Постот во христијанството значи многу повеќе од начинот на исхраната бидејќи подразбира време на умереност и благост во различни области од животот.
Христијанскиот пост подразбира, пред сè, воздржување од грди мисли и правење нехумани дела. Добрите мисли и добрите дела упатени кон другите луѓе, анализирањето на сопствените мисли и постапки се суштината на христијанскиот пост. Тоа е еднакво важно како и молитвата и другите христијански религиозни обичаи, а сите тие заедно се поволни и за менталното и за физичкото здравје.

Обичаи

На Величетврток се вапсуваат првите три јајца, и тоа со црвена боја, која ја симболизира крвта на Исус. Првото јајце е посветено на Господ, второто на домаќинот на куќата и третото за бериќет и среќа. Тогаш не смее да се вапсуваат други јајца. На тој ден Исус го заробиле.

На Велипеток е строгиот пост. Правилниот пост е само да се пијат течности поточно
вода, чај итн. На тој ден Исус го распнуваат, а христијаните во тоа време постеле од
жалост. Бидејќи јадењето претставувало задоволство, тие сметале дека не треба да
јадат.

На Велјасабота Исус веќе умира. Тогаш навечер се оди во црква и некаде пред 00:00
часот се кружи околу црквата, а пак, на полноќ, односно на денот Велигден се
„кршиме“ со јајца. Јајцата прво се кршат врв со врв, а потоа од обратната страна.
Во неделата е првиот ден на Велигден. На тој ден Исус воскреснува. Православните
христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“, на што се
одговара „Навистина воскресна“.

Некои од обичаите се:

– За Велигден треба да се стане рано наутро, а не се оди на спиење пред полноќ. Ако
се отиде на спиење пред полноќ, тоа би значело дека до следниот Велигден лицето
ќе биде поспано и нема да му се работи.
– Наутро треба да се измиеме со вода во која е потопен дрен, здравец, босилек и
црвено велигденско јајце.
– Децата треба да се допрат со црвено јајце, да бидат црвени и здрави во текот на
годината.
– Прво се омрсуваме со велигденско јајце.
– На Велигден рано наутро луѓето одат во црква на утринска миса.
ГЛОСА Велигден и празниците што се поврзани со него се подвижни празници, тие
не паѓаат на ист датум секоја година според грегоријанскиот (граѓанскиот календар)
или јулијанскиот календар (кои го следат движењето на Земјата околу Сонцето и
годишните времиња). Тие се фиксни според месечевиот календар, кој е сличен, но
не ист со еврејскиот календар.

Слични објави

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо
Се вчитува....