7.8 C
Скопје
09:25 - 31 март, 2026

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Успешно оперирана ретка срцева аномалија кај предвремено родено бебе

Во Клиника „Жан Митрев“ неодамна беше изведена успешна корекција на комплексна вродена срцева аномалија кај предвремено родено женско новороденче во 36-та гестациска недела.

Бебето, прво од близначка бременост, е родено во Приштина со родилна тежина од 2 килограми. Кај новороденчето беше дијагностицирана вродена комплексна кардиопатија, која вклучува тотално аномално пулмонално венско дренирање (TAPVR) и атријален септален дефект (ASD).

Оваа комбинација на срцеви маани е исклучително ретка, преваленцата на TAPVR се движи од 0,6 до 1,2 на 10 000 живородени новороденчиња, а меѓу сите вродени срцеви маани само 0,7 до 1,5 % припаѓаат на овој тип.

Свесни за итноста на состојбата, родителите ја донесоа малата Озе Абази во Клиника „Жан Митрев“, на возраст од две недели. По спроведени дополнителни дијагностички процедури и консултација со тимот за кардиохирургија, беше донесена одлука за навремена хируршка корекција на комплексната срцева аномалија.

Хируршката интервенција, изведена од тимот предводен од д-р Жан Митрев, се состоеше од комплетна деривација на пулмоналните вени во левата преткомора, со што се постигна физиолошки нормален проток на крвта.

По успешниот оперативен зафат, грижата за бебето ја презеде неонатолошкиот тим од Центарот за мајка и бебе, со фокус на внимателен хемодинамски менаџмент и стабилизирање на кардиоваскуларната функција.

Постоперативниот период претставуваше голем предизвик поради возраста на новороденчето. Благодарение на координираниот тимски пристап и континуираната интензивна грижа, бебето успешно закрепна.

Исходот без оперативен третман е неповолен и со висок процент на смртност, над 80 % до крај на првата година од животот. Со современ хируршки и постоперативен менаџмент исходот се менува од состојба што често завршувала фатално до преживување приближно 85 %.

По успешно изведената интервенција малата Озе е подготвена да замине дома, со целосно стабилна состојба и реални изгледи за нормален раст и развој.

Закажете го вашиот термин за преглед во Клиника „Жан Митрев“ или консултација на тел. 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....