15:19 - 13 ноември, 2026

(Фото) Гоца Божиновска ја украси вилата од 700.000 евра: Нејзината ќерка ја покажа златната новогодишна елка

Пејачката Гоца Божиновска живее во луксузна вила изградена од нејзиниот покоен сопруг Зоран Шијан, чија вредност се проценува на 700.000 евра.

Нејзината ќерка Јелена Вучковиќ сега објави фотографија од семејниот дом со нејзиниот внук Зоран, а во таа пригода откри и како е украсена елката.

Имено, во домот на семејството Шијан, елката доби и златно руво. Декорациите и ламбите одговараат на вкусот на пејачката, која ја украсила својата вила токму во оваа боја.

Куќата е исклучително скапо опремена и во неа доминира стилски мебел.

– Тука сум 20 години и навикната сум на Сурчин бидејќи живеев во оваа област девет години пред да се преселам. Овој дом ги чува најубавите спомени што ги имам, особено оние поврзани со мојот покоен сопруг, раѓањето на нашите деца, нивното детство… Никогаш, ама баш никогаш не би се иселила од него. Еве ја мојата среќа. Децата доаѓаат и си одат, но јас останувам. Што би рекла тетка ми: „Ќе останеш во таа куќа додека снаа ти не те избрка.“ А потоа можеби ќе си ги спакувам куферите и ќе си заминам, само за да го направам мојот Мирко среќен – рече еднаш пејачката.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....