21:18 - 2 април, 2026

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Тројката родена во Клиника „Жан Митрев“ замина дома

Мелис, Мира и Малахат, трите предвремено родени бебиња во Клиника „Жан Митрев“, по неколку недели поминати во Центарот за мајка и бебе, денеска си заминуваат дома.

Тројката се роди на 4 јуни 2025, од природно зачната бременост, што е реткост во современата медицина. Родени со царски рез 9 недели пред очекуваниот термин, во 31 гестациска недела, новороденчињата се во стабилна состојба и подготвени да си одат во својот дом.

Ова породување претставуваше не само медицински успех, туку и симбол на надеж, живот и хуманост. Доаѓањето на свет на Мелис, Мира и Малахат за Клиника „Жан Митрев“ претставуваше огромна радост, но и потврда дека можат да се надминат и најголемите предизвици кога ќе се соединат знаењето, искуството и современата технологија.

Со ова породување и официјално започна со работа Одделот за неонатална интензивна нега (NICU) во Клиника „Жан Митрев“.

Во последните три децении, стапката на повеќеплодови бремености е зголемена за 70%, а тројните бремености по природен пат, како оваа, се вистинска реткост и во светски рамки се појавува во 1 на 8 000 случаи.

Центарот за мајка и бебе при Клиника „Жан Митрев“ на мајката Мубеџел Бектешова од Скопје ѝ посакува брзо закрепнување, а на Мелис, Мира и Малахат живот исполнет со љубов, здравје и сила.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го Вашиот термин или информирајте се на тел. 02/3091-484

Комерцијален текст.

Слични објави

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо
Се вчитува....