7.8 C
Скопје
06:29 - 19 март, 2026

НОВИ СИМПТОМИ НА КОВИД, лекарите алармираат: Може да се заразите многу пати иако сте вакцинирани!

Unsplash

Аларм на лекарите: „Вистински проблем е смената на генерациите, старите лица повторно се разболуваат“

Вртоглавица, важни гастроинтестинални симптоми и двојни, тројни инфекции, дури и кај вакцинирани субјекти. Ова е опсегот на симптоми кои европските матични лекари ги регистрираат кај своите пациенти инфицирани од Ковид-19, во последните две-три недели.

Нови симптоми

Симптоми кои се малку поинакви од оние на претходните бранови. Треската е секогаш присутна, но во последните забележани случаи таа е повисока и трае најмалку неколку дена. Некои симптоми имаат засилен интензитет, како што се гастроинтестиналните нарушувања и главоболката.

Националната здравствена служба на Велика Британија додаде и други симптоми на листата на нарушувања предизвикани од новите варијанти на болеста. Покрај треска, постојана кашлица и губење на мирис и вкус, дури и отежнато дишење, чувство на замор или исцрпеност и млитаво тело, губење на апетит, дијареа и генерално лошо чувство.

Згора на тоа, во последните месеци има и „еден вид дијагностичко доцнење од 24-48 часа: во првите бранови позитивниот брис одговараше на појавата на симптомите, денес позитивноста се појавува 1- 2 дена по симптомите“.

Загриженост на матичните лекари

Најголема загриженост е брзината на ширење, кога вирусот ќе влезе во семејството, сите субјекти се заразени. Алармантен факт е „смената на генерациите“, или повторно поместувањето на инфекцијата кон постарите, најранливите пациенти.

Варијантата XE

И додека Светската здравствена организација констатира дека Omicron BA.2 е одговорен за над 90% од инфекциите ширум светот, следењето на варијантата XE на коронавирусот откриена во Англија продолжува. Според СЗО, првите проценки за оваа мутација сугерираат дека таа може да биде 10% позаразна од Омикрон 2, но „овој податок бара дополнителна потврда“.

Новата XE варијанта е микс-варијанта на двата главни подтипови на Omicron, BA.1-BA.2. И варијантите XD и XF (рекомбинанти на Делта и Омикрон), неодамна идентификувани, моментално не многу распространети, исто така припаѓаат на истото семејство.

Од најновите податоци се чини дека XE е околу 10% позаразна од Омикрон, но неизвесно е дали таа може да создаде нов силен бран.

Ефективноста на вакцините

Важно е да се направи разлика помеѓу инфекција и сериозна болест, нагласуваат лекарите. Вакцината штити од сериозни болести, но оние што се вакцинирани може да се заразат со овие нови варијанти.

Вчера ECDC (Европски центар за превенција и контрола на болести) и EMA (Европска агенција за лекови) се согласија дека четврта доза (или втор засилувач) може да се даде на возрасни на возраст од 80 и повеќе години за да добијат дополнителна заштита. За неколку месеци пак, ќе излезат попрецизни информации за делувањето на вакцините ажурирани според варијантите и нивната ефикасност.

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....