02:14 - 2 април, 2026

Нова победа на Трамп му донесе Доктор Оз, тв-ѕвездата е кандидат за Сенатот на изборите на 8 ноември

Нова голема победа за Доналд Трамп: Дејвид Мекормик ја призна победата на ТВ-ѕвездата, хирургот Мехмет Оз, кандидат поддржан од тајкунот, во трката за сенаторско место во Пенсилванија.

Мехмет Оз на 8 ноември ќе се соочи со демократот од Пенсилванија – Џон Ветерман. Докторот Мехмед Оз, кој е етнички Тирчин, победи на внатрепартиските републикански избори во Пенсилванија и со тоа го доби правото да се кандидира за американскиот Сенат на изборите на 8 ноември.

Неговиот противкандидат Дејв Мекормик го призна поразот и телефонски му честиташе на својот сопартиец. Мехмет Оз пак му се заблагодари на Мекормик кој најави подготвеност да го поддржи Оз на ноемвриските избори.

Оз беше силно поддржан и од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Инаку, Мехмет Џенгиз Оз, на јавноста и е познат и како доктор Оз од популарното телевизиско шоу Шоуто на Доктор Оз – емисија во која советуваше за добро здравје, правилна исхрана, слабеење, како да ја сочувате врската, како да се справите со конфликтот и стресот. Две години последователно „Шоуто на Доктор Оз“ беше добитник на наградата Еми во категоријата Најдобро дневно шоу од информативен карактер.

Доктор Мехмет Оз е кардиохирург, работи како професор на Колумбија Универзитетот и повремено изведува операции на срце. Автор е на повеќе од 400 публикации од кои 6 се бестселери. Тајм го стави на листата на 8-то место од 100 највлијателни луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Oz (@dr_oz)

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....