09:38 - 20 декември, 2025

Нов вид перуанска змија наречена по Харисон Форд

Познато е дека Индијана Џонс не поднесува змии, но Харисон Форд, актерот кој го портретира славниот археолог авантурист, сега има вистински рептил кој го носи неговото име.

Новопронајден вид змии во Перу го доби името Tachymenoides harrisonfordi во чест на актерот и неговото залагање за животната средина.

Тој има и мравка и пајак наречени по него.

Форд, кој е потпретседател на непрофитната организација Conservation International, изјави: „Овие научници продолжуваат да ги именуваат животните по мене, но секогаш животни што ги плашат децата. Не разбирам. Слободното време го поминувам дома. Им пеам приспивни песни на моите растенија босилек за да не се плашат од ноќта.“

За разлика од неговиот лик, Индијана Џонс, Форд потенцира дека всушност сака змии и дека „брзо се сродил со оваа“.

„Змијата има очи во кои можете да се удавите, а го поминува поголемиот дел од денот сончајќи се покрај базен со нечиста вода – веројатно ќе бевме пријатели во раните 60-ти“, рече Форд.

„Ова е потсетник дека има уште многу да се научи за нашиот див свет – и дека луѓето се еден мал дел од неверојатно огромна биосфера“.

Откритието, заедничка соработка помеѓу научници-истражувачи од Перу и САД, е направено во националниот парк Отиши во Перу.  Долга е околу 40 сантиметри и не е опасна за луѓето.

„За биолог, опишување на нов вид и негово објавување под ново име е една од највиталните активности во време на криза со биодиверзитетот или биолошка разновидност,“ изјави Едгар Лер, водечки научник на проектот.

„Само познати организми може да бидат заштитени,“ рече научникот. Тој се надева дека откритието ќе го привлече вниманието на кризата со изумирање со која се соочуваат видовите ширум светот.

Влекачите се особено склони кон изумирање, со повеќе од една петтина од сите влекачи кои моментно се загрозени, покажа студијата чии автори се истражувачите од „Конзервејшн интернешанл“.

Слични објави

Дневен хороскоп за 20 декември: Искористете ја вашата енергија за да донесете важни одлуки

apostolova

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо
Се вчитува....