Хрватската пејачка Нина Бадриќ откри една од најнеобичните ситуации на додворување што ја доживеала, потсетувајќи се на мажот кој, обидувајќи се да ја освои, ѝ испратил несекојдневен подарок – омекнувач за алишта.
Пејачката важи за една од најпривлечните дами на естрадата. Многумина се бореле за нејзината љубов, а како што рече, еден од нив бил особено оригинален и ѝ подарил нешто што на многумина никогаш не би им паднало на памет.
„Не знам дали некој ми рецитирал нешто, но едно од пооригиналните додворувања, дојде еден фраер и нарачал омекнувач преку достава, за да омекнам малку. Ми подари омекнувач, доста оригинално, но џабе беше“, откри таа со насмевка, пренесе „Гранд“.
