5.8 C
Скопје
03:10 - 1 април, 2026

Невиден скандал или перфектна глума? Хари Стајлс во Венеција го плукнал колегата Крис Пајн

Синоќа на филмскиот фестивал во Венеција се одржа премиерата на филмот „Don’t Worry Darling“, која ја одбележа и невиден скандал меѓу Хари Стајлс и Крис Пајн.

На социјалните мрежи кружи видео за кое корисниците на Твитер ширум светот тврдат дека на него се гледа како Хари плука во Крис додека седнувал на своето место.

Крис по овој потег се однесува мирно и не реагираше бурно, само престана да аплаудира и ја спушти главата, а потоа иронично се насмеа и покажа дека е бесен.

Девојката на Стајлс, Оливија Вајлд, актерка и филмска режисерка, седи до Крис, а изгледот на нејзиното лице покажува колку и е непријатно.

Видеото стана вирално, а теориите за тоа дали навистина се случило или не се различни.

Да потсетиме, околу филмот веќе се крена голема прашина, а полемика се води и околу тоа дали режисерката Оливија го отпуштила актерот Шеј Лабоф. Тој тврди дека самиот дал отказ и дека таа го молела да остане, додека таа го тврди спротивното. ЛаБоф во филмот беше заменет од Хари Стајлс, кој моментално е во врска со Оливија.

Медиумите пренесоа и дека дошло до конфликт меѓу Вајлд и главната ѕвезда на филмот, актерката Флоренс Пју, која дури подоцна и се придружила на филмската екипа на црвениот тепих во Венеција. Многумина, исто така, забележаа дека таа избегнува директна интеракција со Вајлд и нејзиното момче Стајлс.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....