0.8 C
Скопје
02:31 - 12 март, 2026

Неверојатната подготовка на Килијан Марфи за „Опенхајмер“: Колегите октриваат, „чувствувате како лебдите во неговите очи”

Продорните „океански очи“ на Килијан Марфи на снимањето на филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан ги фасцинирале неговите колеги Мет Дејмон и Емили Блант, изјавија актерите во интервју за People.

„Тоа е вистински проблем кога сте на сцената со Килијан. Понекогаш се чувствувате како лебдите во неговите очи”, вели Дејмон.

„Тоа е како песната Ocean Eyes на Били Ајлиш. Постојано само ја потпевнуваме по цел ден“, додава Блант.

За возврат, Марфи се насмеа:

„Тие не се ни толку сини!“

Во Опенхајмер, Килијан го игра „таткото“ на атомската бомба, Џ. Роберт Опенхајмер, американски теоретски физичар кој учествуваше во проектот Менхетен, почетокот на Втората светска војна, за време на кој беше развиено првото нуклеарно оружје.

На Марфи му биле потребни пет месеци да се подготви емоционално и физички за улогата. Ослабел дрстично за да ги „отвори очите“ – да дојдат во реден план, и да покаже дека Опенхајмер „никогаш не јадел“.

Тој признава дека ја сакал физичката подготовка за улогата и дека иако било тешко, уживал во подготовката.

„Сакам да си играм со моето тело, а Опенхајмер имаше многу изразена физичка силуета што сакав правилно да ја пренесам преку улогата. Тој беше многу виток, речиси изнемоштен, живееше на мартини и цигари“ – открива глумецот за Њујорк Тајмс.

„Имаше таков монументален потфат. И можеше да јаде само по неколку бадеми секој ден. Беше толку исцрпен“, рече Блант за подготовката на Марфи за улогата.

Уште пред кастингот за филмот за избор на глумци, Килијан призна дека очајно сакал да ја добие главната улога во филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан.

“Отсекогаш сум му кажувал на Крис јавно, како и приватно, дека ако сум слободен и ако сака да снимам филм за него, јас сум тука. Не ми беше гајле за големината на потфатот. Но длабоко во себе, тајно, очајно сакав да ја играм главната улога за него”, признала Килијан за Асошиетед прес.

Во исто време, тој немаше поим дека ќе игра во филмот додека Нолан не му се јави и му ја понуди улогата.

„Тој беше толку воздржан и скромен и на неговиот англиски начин, само рече: „Види, го напишав ова сценарио, се работи за Опенхајмер. Посакувам да бидеш мојот Опенхајмер“, додаде актерот.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....