11:59 - 7 април, 2026

Необична работа: Жените МИ ПЛАЌААТ И ПО 2.000 ДОЛАРИ за да проверам дали мажите им се верни

Каролина Лекер е модел на Плејбој што работи многу необична работа, а се започнало со облог со пријателките.

Таа се обложила дека може да ги тестира нивните односи со партнерите, поточно нивната верност и од тоа се родила работа која ѝ носи плата од речиси 2.000 долари по случај. Таа го користи телефонскиот број и профилот на Инстаграм на нејзината мета и почнува да флертува.

Ако го изведе тоа успешно и договори време и место за состанок, таа го добива својот хонорар, а клиентката добива порака дека нејзиниот партнер е сомнителен. Но, ако мажот ја одбие и покаже верност кон партнерката, Каролина не ги зема парите. Сепак, таа нагласува дека најголем дел од хонорарите ги добива, а заработката најчесто ја троши на естетски операции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carolina Lekker (@carollekker_)

„Немам многу искуство со позитивни исходи. Ако мажот е сигурен и често ја спомнува својата врска, тогаш не треба да се спроведува планот за негово „фаќање“, бидејќи искреноста е знак дека не сака да изневерува“, објаснува Каролина и додава, „На почетокот се плашев бидејќи со една порака веќе бев во животот на тотален странец. Не би рекла дека тоа е директно изневерување зашто немам физички контакт со нив. Во некои случаи самите жени бараат причина да ја прекинат врската, но немаат докази какви што сакаат. Верувам дека длабоко во себе сите сакаме да знаеме дали нашите партнери се доволно силни да се соочат со искушенијата што можат да дојдат секој момент“.

Каролина открива и четири знаци кои покажуваат дека партнерот не ви е верен, а тоа се неискреност, кратки средби, експлицитни фотографии и незадоволство.

Слични објави

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin
Се вчитува....