17:02 - 9 јануари, 2026

Ненадејно почина позната инфлуенсерка, мајка на пет деца: Нејзините видеа инспирираа 1,5 милиони луѓе

Почина инфлуенсерката од Нов Зеланд и мајка на пет деца, позната по своите мотивирачки фитнес објави.

Бодибилдерката и фитнес-блогерка Рејчел Чејс – која во еден момент имаше повеќе од 1,4 милиони следбеници на Фејсбук и беше опишана како „интернет сензација“ – почина претходно овој месец. Причината за нејзината смрт сè уште не е позната причината.

Таа беше првата Новозеланѓанка која се квалификуваше за натпреварувањето во бодибилдинг на Олимпијада, а беше и на многу меѓународни средби.

Работеше како фитнес-модел кој ги красеше насловните страници на списанија и тоа најмалку 14 пати, а како инфлуенсерка, нудеше и онлајн-фитнес менторство.

Веста за нејзината смрт растажи многумина кои почнаа да се збогуваат со неа на социјалните мрежи, а се огласи и нејзината најстара ќерка Ана Чејс.

„Беше поддршка, љубезна и секогаш го имаше најдобриот совет за нас. Имаше голема амбиција и желба да успее и инспирираше милиони луѓе ширум светот. Неизмерно ми недостига и таа љубов никогаш нема да исчезне“, напиша ќерката за својата мајка, пренесува „Стаф“.

Портпаролот на Министерството за правда ја потврди нејзината смрт.

„Со оглед на неодамнешната природа на смртта, во оваа фаза не се достапни дополнителни информации“, рекол портпаролот.

Кит О’Конел, пријател на Рејчел, рекол дека нејзината смрт е „ненадејна и неочекувана“ и дека таа е една од „најљубезните души“ што ги познава.

Чејс во 2016 година напишала статија за „Стаф“, каде што зборувала за своето искуство со напуштањето на „токсична и насилна“ врска во која западнала откако се развела од својот сопруг Крис Чејс.

Крис Чејс бил во затвор 10 години откако бил уапсен во 2012 година за неговата улога во дистрибуција на дрога, слична на екстази низ Нов Зеланд.

„Врската во која бев ме научи на многу работи за тоа што не сакам и од што морам да се држам настрана. Не страдав само јас, туку целото мое семејство. Значи, ако знаете дека сте во насилна врска и немате храброст да заминете, направете го тоа за вашите деца. Зграпчете сè што ви треба доволно долго за да преживеете ползејќи од таа дупка, бидејќи ви ветувам дека ќе вреди“, напишала Рејчел.

 

Слични објави

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо

Нов удар кон семејството: Бруклин Бекам им забранил на родителите директен контакт, можат да го бараат преку адвокат

Еспресо

Катарина Грујиќ откри како реагирал татко ѝ кога одлучила да вгради силикони на 20-годишна возраст: „Ме викаа клемпава, а другиот прекар ми беше даска“

Еспресо

Го изненади со патување за роденден: Тамара Тодевска објави уникатна приказна

msp-admin

(Фото) Српската државна рекордерка и учесничка во реалното шоу „Ексатлон“ пренесена во итна помош! Доживеала ужасна повреда

Еспресо

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ пак во болница во Германија, уште една болка по тешката операција

msp-admin
Се вчитува....