22.8 C
Скопје
14:11 - 3 октомври, 2026

„Немам храброст да менувам пелени“: Дарко Лазиќ откри дека не ѝ помага на сопругата околу бебето

Дарко Лазиќ неодамна го доби третото дете, ќерката Срна, а сега српските медиуми пејачот ги сумираше впечатоците и откри каква е неговата сопруга Катарина како мајка.

– По мене се гледа дека сум се избричил, дека имам подочници, малку сум уморен, не спијам навечер, но ова се некои „слатки маки“. На Каќа ѝ оди многу добро и е многу грижлива мајка, поради што сум многу среќен. Засега, фала богу, сè е како што треба. Таа е одлична мајка и знаеш дека јас сум одличен татко, по којзнае кој пат. Уште не менувам пелени, уште немам храброст, бидејќи бебето штотуку се роди, па кога малку ќе зајакне, тогаш ќе го направам, немам проблем да го направам тоа, знам како оди – Лазиќ изјави за медиумите потсетувајќи се на моментот кога докторот му кажал дека Каќа ќе се породи:

-Кога ја добив Лорена работев, кога го добив Алексеј истото, сега првпат со Каќа одевме на редовен преглед, таа воопшто немаше закажан термин. Сепак, докторот рекол: „Татто може слободно да оди дома да ги донесе работите на мама, мама останува, таа денес се пораѓа“. Кога тргнав дома го погрешив патот. Заминав за Ниш, наместо во Сремска Митровица. Баш бев изгубен во тој момент – раскажал Дарко.

Дарко и Катарина ја доживеаја таа младешка љубов и после долги години, кога и двајцата поминаа низ многу искуства и созреаа, повторно се сретнаа и стапија во брак.

Слични објави

Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот лик

Т.Ц.

(Фото) Му се суди за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ: Зоран Марјановиќ синоќа претепан во станот

Еспресо

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

„Врската на далечина може да опстане“: Лара Иванова е повторно вљубена

Еспресо

„Кој ти е крив, ти ме избра мене“: Хари Мата Хари знаел за вонбрачниот син од првиот ден

Е.А.

Животот на Тереза Кесовија бил исполнет со трагедии — рано останала без мајка, брат ѝ загинал, а се борела и со тешка болест

Е.А.
Се вчитува....