04:30 - 6 април, 2026

Нелојалност, злоба, обвинување: Панчо искрено раскажувал што го мачи и со што се бори

Панчо од “ДНК“ искрено раскажуал што го мачело и со што се борел, во последните Фејсбук статуси.
Познатиот музичар кој денеска беше испратен во вечноста, секогаш беше отворен во своите приказни.  Сите овие мисли и случи тој ги пишувал во февруари и во март, само неколку недели пред да се случи трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде настрада тој, и речиси целиот бенд на „ДНК“.
 -Една од моите најлоши навики е тоа што се грижам за другите луѓе, дури и тогаш кога многупати ме повредиле“, вели еден статус на Владимир Блажев- Панчо.
Фото/ Фејсбук
-Живееме во тажно време, време на блуд, злоба и ширење неморал на социјални платформи заради внимание.
Не сме среќни бидејќи попатно сме заборавиле од каде доаѓаме, и воедно
во таа “трка” сме го изгубиле системот на вредности.
– почит
– морал
– љубов
– чесност
– искреност
– достоинство“, напишал тој во друг статус.
-Никогаш не моли за одговор и внимание. Ако некој те игнорира, едноставно однесувај се кон него исто како што тој се однесува кон тебе. Луѓето ќе ја сфатат промената тогаш кога ќе го смениш односот кон нив, и кога ќе почнеш да се однесуваш исто како што тие се однесуваат кон тебе“, споделил Панчо.
-Секогаш е подобро да живеете скромно, и во рамките на вашиот буџетот отколку луксузно во долгови“, е еден од статусите кои ги напишал.
-Кармата ми шепна: Не мораш да ми кажеш ништо, ги видов сите оние кои ти се смееја додека твојот свет гореше. Сега е твој ред да гледаш како го палам нивниот“.
-Некои луѓе сè уште ти се лути, и те окривуваат затоа што си преживеал откако те фрлиле под автобус, но автобусот всушност ги прегазил нив заедно со нивните лаги и нелојалност“, е еден од последните негови статуси.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....