5.8 C
Скопје
03:11 - 1 април, 2026

„Нејзините родители не ме прифатија затоа што сум Ром“: Емотивната исповед на Никола Станишиќ за неговата поранешна девојка

Никола Станишиќ, македонскиот победник на „Ѕвездите на Гранд“, за прв пат јавно проговори за својата врска со поранешната девојка.

Тој во една емисија раскажа дека имал голем проблем во претходната врска бидејќи родителите на неговата девојка не го прифатиле.

Најголемиот проблем, вели тој, бил фактот што е член на ромската заедница, а потоа само се нижеле проблеми и на крајот раскинале, пишува Grand.rs.

– Раскинав со девојка ми поради приказните дека сум Ром, музичар, дека ќе ја оставам. Нејзините родители не ме прифатија, имаше многу проблеми. Се обидов да го издржам сето тоа, да трпам, но ако нешто е на сила, тогаш не функционира. Имавме притисок од двете страни – рече Никола во поткастот.

Пејачот потоа откри дека по финалето, се обидел да ја контактира својата поранешна девојка, но тогаш видел дека таа го блокирала на сите мрежи.

– Немавме контакт до финалето, се случи да победам, а таа ме блокираше две недели. Финалето заврши, одиме да славиме, сè е во ред. Видов дека ме блокираше, бидејќи тогаш се обидов да ѝ испратам порака. Пред тоа, излезе некој наслов и таа мислеше дека сум ја изневерил бидејќи ме сликале со колешка од натпреварот – раскажа Никола.

На прашањето која песна би ѝ ја посветил сега, Никола даде јасен одговор и ја отпеа песната „Где си била код сам био нико“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....