3.8 C
Скопје
20:37 - 20 декември, 2024

Неделен хороскоп (30 мај – 5 јуни): Среќа за Биковите и Близнаците, исполнување на сонот за Рибите, добри вести за Раковите…

Оваа недела планетата Венера во знакот Бик ќе им донесе нови љубовни маки на кутрите Скорпии, а не само на нив… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: енергија!
Во овој период имате огромна енергија: Марс во знакот ви дава толку многу енергија, решителност и желба да се наметнете што просто никој не може да ви застане на патот до целта и успехот. Јупитер, исто така ви помага во реализацијата на вашите проекти. Добри вести доаѓаат во понеделник и вторник. Меѓутоа, во среда, четврток и петок, месечината во неповолна положба може да предизвика нервоза, или мали неуспеси. Релаксација во сабота и недела.

Бик: среќна недела!
Драги Бикови, ова ќе биде навистина среќна недела за вашиот знак, кој ќе може да смета на спојот на Венера и Меркур: наскоро ќе пристигнат добри вести кои би можеле да ја потпалат – позитивно – професионалната, но и сентименталната сфера. Најсреќни ќе бидат деновите среда, четврток и петок. Сепак,  внимавајте на каприциозната месечина во понеделник и вторник.

Близнаци: со месечината во знакот!
Драги Близнаци, вашата недела започнува одлично со два месечеви денови кои ќе бидат многу среќни! Конечно го имате Јупитер на ваша страна: време е да се впуштите во нов потфат без страв од преземање ризици. Викендот ќе ве бакне среќната и особено романтична месечина, која ветува возбудливи средби… Марс, исто така поволен, ви дава многу енергија и многу дополнителна сила.

Рак: Добри вести доаѓаат!
Венера и Меркур во поволна положба ви даваат позитивна недела и на сентиментално и на професионално поле. Понатаму, помеѓу среда и петок, прекрасна месечина ќе свети за вас : тоа ќе бидат три навистина среќни денови, во кои би можеле да добиете добри вести. Марс во неповолна положба може да ве натера да се чувствувате малку без енергија и умрони, особено од физичка гледна точка.

Лав: Јупитер се грижи за Вас!
За жал, оваа недела Венера и Меркур во неповолна положба почнуваат да ве тераат да го чувствувате нивното влијание: во вашиот љубовен живот може да дојде до уште некој конфликт или дискусија, додека на работа нема секогаш да биде лесно да се сложувате со шефовите и колегите… За среќа, на ваша страна ја имате наклонетоста на Јупитер, која долгорочно ќе ви ја гарантира среќата. Супер среќни месечеви денови: сабота и недела.

Девица: Ѕвездите се на ваша страна!
Драги Девици, вашата недела започнува со два дена на неповолна месечина, во кои може да дојде до одредено назадување. Сепак, не грижете се премногу – небото е на ваша страна! Можете да сметате на наклонетоста на Венера и Меркур, и двете планети подготвени да ви ја дадат својата поддршка и на полето на чувствата и на професионален план. Во љубовта ќе има моменти за паметење, а за слободните – состаноци кои би можеле да се покажат како важни.

Вага: не ризикувајте!
Драги Ваги, за жал, противењето од Марс се чувствува оваа недела: дефинитивно ќе бидете уморни, и од физичка и од психичка гледна точка. Најтешки денови ќе бидат среда, четврток и петок, кога ќе треба да се справите и со Месечина во неповолна положба… Подобро ќе биде викендот – сабота и недела. Внимавајте, на работното место, изгледа не им верувате на вистинските луѓе, туку обратно – на оние кои ви се прават пријатели. Јупитер пак ве повикува да не ризикувате!

Скорпија: љубовни проблеми
Планетите Венера и Меркур се спротивставени на вашиот знак: нема да биде лесна недела, особено од сентиментална гледна точка. Би можеле да настанат дискусии со партнерот и можно е некои парови да доживеат вистински момент на криза. Посветете особено внимание на викендот кој, со месечината исто така во неповолна положба, би можел да биде исклучително напнат и тежок.

Стрелец: викенд на страст 
Вашата недела започнува со два напнати денови, кои би можеле да бидат прилично тешки. Ќе биде подобро почнувајќи од среда: на ваша страна ќе ги имате планетата Марс и планетата Јупитер, подготвени да ви донесат добра енергија и многу среќа, особено од професионална гледна точка. Помеѓу сабота и недела поволната месечина ќе ви донесе убави емоции и моменти на страст.

Јарец: Добри вести и мала нервоза
Конечно и Венера и Меркур се вратија активни во ваша корист: оваа недела ќе има добри вести и интересни средби. Пазете се, сепак, од месечината во опозиција во среда, четврток и петок, што може да донесе малку поголема нервоза. Сега кога Јупитер веќе не е поволен, подобро е да се биде повнимателен особено на професионален план.

Водолија: недоразбирања со партнерот и во канцеларија 
Венера во неповолна положба носи уште некои љубовни болки. Може да има недоразбирања со партнерот, особено за време на викендот: меѓу сабота и недела, месечината во опозиција ризикува обичната дискусија да ја трансформира во вистинска кавга. Внимание и на професионално поле: Меркур не ги олеснува односите со шефовите и колегите. Подобро да се фокусирате на среќните денови на месечината: понеделник и вторник.

Риби: планетите ви се смешкаат!
Драги Риби, вашата недела започнува со два нервозни дена, во кои месечината во неповолна положба би можела да ви донесе уште неколку пречки на патот. Нема што да се грижите: на ваша страна ја имате наклонетоста на Венера и Меркур: овие планети ви гарантираат среќа и на професионално и на сентиментално поле. Помеѓу среда и петок може да го добиете телефонски повик што толку многу го чекавте!

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....