5.8 C
Скопје
02:25 - 1 април, 2026

(Видео) Неда Украден за пропаднатите врски и бракови: Подобро сам отколку некој да ме јаде одвнатре

Регионалната музичка ѕвезда Неда Украден во неодамнешно интервју, меѓу другото, зборуваше за луѓето кои остануваат во лоши врски и бракови од страв што ќе каже околината доколку се одлучат да се разделат.

„Не ти оди врската? Па заборави ја. Бракот не функционира? Разведи се. Подобро е сам отколку некој да те ‘ждере’. Така ли е? Така е. Не знам зошто луѓето… Ми се чини, што полоша љубов, толку повеќе се држат за неа. Колку е врската попромашена, толку повеќе се…“, изјави таа.

Водителката прокоментира дека ова е веќе работа за психолози и психијатри кои би можеле да објаснат зошто се случува тоа. Украден смета дека станува збор за некаков мазохистички „фазон“.

„Колку што има садисти, уште повеќе има мазохисти, ми се чини, кои инсистираат да бидат повредени, понижени, уништени, потценети. Сите некако се заљубуваат или се венчаваат во надеж дека ќе го најдат принцот на бел коњ – барем жените – кој ќе ги води низ животот, низ убави нешта, успеси, победи, деца, семејство… а на крај ќе налетаат на будала која ги кочи, ги малтретира, е љубоморна на сè што тие можат, знаат, умеат и сакаат“, додаде таа.

@adria__tv

NEDA UKRADEN šokirana postupcima većine: Što gora ljubav, to se ljudi čvršće drže za nju!

♬ original sound – Adria TV

Неда Украден има еден брак зад себе – со режисерот Милан Билбија, со кого ја доби ќерката Јелена. Биле заедно десет години, а тој почина во 2013 година. Во интервју за „Хелоу“ пејачката претходно открила зошто не се чувствувала среќно во таа врска.

„Никогаш не било прашање дали сум сакана и обожавана, дали ми се додворувале – тоа никогаш не ми недостасувало. Проблемот беше што е добро за мене во љубовта. Барав нешто што не можев да го добијам – сојузник, поддршка, безгранична доверба, пријател пред сè. Не велам дека тоа го немаше, но не во доволна мера. Популарноста, патувањата и долгите отсуства од дома си го направија своето и го уништија она добро што постоеше во моите врски“, рече Украден.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....