01:50 - 5 април, 2026

(Фото) „Не смееше вака, празно е, останавме без лидер“: Сања Кужет скршена од смртта на Саша Поповиќ му даде јавно ветување

Креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, почина во болница во Париз каде последните месеци се лекуваше од рак на желудникот, оставајќи ги зад себе сопругата Сузана и ќерката Александра, но и неизбришлив белег на српската јавна сцена.

Саша беше одговорен за кариерите на многу пејачи и пејачки, но и водители и водителки. Една од нив, која за сè му е вечно благодарна е водителката на музичкото натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранда“, Сања Кужет.

Таа сега на својот Инстаграм се прости од Саша со емотивни зборови, нагласувајќи дека ништо нема да биде исто на музичкото натпреварување без него и додаде колку навистина бил голем човек.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)


„Среќа е ако имаш можност да запознаеш големи луѓе во животот од кои можеш да научиш многу. Сале ми даде шанса да учам, да се докажувам, да остварам и да уживам во мојата работа секој ден. Веруваше во мене, затоа и го промени курсот на мојата професионална кариера и ја крена на највисоко ниво. Повеќе од една деценија соработка направи да станеме пријатели. И сега слушам: „Ајде Сајка, сега она твоето, најјсилно!“, почнала таа и додала:

„Ти ветувам Сале, ќе биде уште посилно, но останавме без лидер… Вакво сценарио не смееше да се случи, не е фер… Празно е… И ќе биде… Ти благодарам за сè, голем Поповиќ“, порачала таа.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....