13:37 - 6 април, 2026

„Не сакам лажговци, мамини синови, манипулатори…“: Маја Шупут призна на што никогаш не би се согласила во врска

Иако е весела и енергична на сцената, хрватската пејачка Маја Шупут има јасни граници и принципи во приватниот живот. Во интервју за Inmagazin таа откри каков треба да биде нејзиниот идеален партнер и каде повлекува граница во врската.

„Мислам дека тоа се некакви мои желби и… Ах, не знам. Мислам дека она што го барам е всушност нешто што секоја жена го бара, човекот да е нормален, да те сака, да биде пристоен.“

Маја призна на што никогаш не би се согласила во врска и каде повлекува граница?

„Не би се согласила на многу работи. Кога ќе стигнете во некои мои години, има многу повеќе работи со кои не би се согласиле, отколку нови работи со кои би се согласиле. Така што, класика. Не сакаш да бидеш со некој што не е твој тип, кој лаже, кој клевети, некој егоист, некој што… „мек тип“… Не можам да бидам поголем маж од мажот, и тоа некако не ми оди. Не сакам лажговци, мамини синови, не сакам измамници… Тоа, класика. Мислам, не е ништо ново“, рече Маја во свој стил.

Слични објави

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо
Се вчитува....