14:18 - 3 април, 2026

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Овие мудри зборови за животот, љубовта и среќата не учат на она што навистина е важно за животот… уживајте во нив, можеби ќе ви ги отворат видиците на поинаков начин.

Цената брзо се заборава, а квалитетот е она што останува.

На оној што умее да чека, со тек на време сè му доаѓа.

Сè ќе помине освен добрите дела што си ги направил.

Ден без вино, ден без сонце.

Малите потоци прават голема река.

Празните буриња најмногу се слушаат.

Тројца можат да задржат една тајна, само доколку двајцата од нив се мртви.

Утринскиот дожд не го запира работникот.

Бог често нè посетува, но ние најчесто не сме дома.

Мисли што сакаш, говори што мораш.

Чуда им се случуваат само на оние кои во нив веруваат.

Минатото е најдобар пророк за иднината.

Ако не можеш да гризеш, не ги покажувај забите.

Целата човекова мудрост ќе се сумира во два збора: чекај и надевај се.

Не постои толку мека перница како што е мирната и чиста совест.

Ах, кога младоста би знаела, а кога староста би можела.

Парите се голема работа која ги прави луѓето мали.

За човекот треба да судите според неговите прашања, а не според неговите одговори.

Никој не е дарежлив колку оние што немаат што да дадат.

Силен е оној кој некого ќе собори, но уште посилен е оној кој ќе го подигне.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....