00:37 - 25 јуни, 2026

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

Една од најголемите балкански ѕвезди, Светлана Цеца Ражнатовиќ, на својот профил на Инстаграм објави интересно видео. Имено, Цеца најпрво со својот тим патувала со приватен авион, а откако излегле од него, морале да се качат во автобус на аеродромот, пренесува српски „Блиц“.

Цеца Ражнатовиќ цело време била одлично расположена и ја покажала атмосферата од авионот. Потоа му се обратила на својот фризер, кој наздравувал, па му порача:

„Јас не пијам, ти си алкохоличар“, му рекла Цеца, па продолжила:

„Тргнавме за Варна, брзаме со приватен авион за да стигнеме сè. Последните два дена снимав ‘Ѕвездите на Гранд’, сега летам за Варна, а утре морам да бидам во Чачак. Тука ми е менаџерот, тука ми е фризерот Стева, тука ми е шминкерката која спие, девојките бек-вокали“, зборуваше фолк дивата.

Потоа таа се качи во автобус и седна покрај својот фризер.

Освен тоа, многумина забележаа дека Цеца во рака носи познатата „Hermès Birkin“ торба, чија цена достигнува и до вртоглави 40.000 евра, како и огрлица од познат бренд вредна околу 3.000 евра.

Цеца за Вељко и Анастасија

Музичката ѕвезда вели дека има близок однос со своите деца и дека е среќна што пораснале во самостојни и среќни луѓе, иако карактерно се сосема различни.

„Вељко повеќе се јавува. Тој се јавува по 78 пати на ден и кога нема што да каже, ме вика и ми пее. Анастасија еднаш, кога последен пат беше во Белград, ми рече: ‘Кажи ми дека тоа не е Вељко’, кога ми заѕвони телефонот. Јас велам: ‘Да, Вељко е’ и се јавувам. Таа му вели: ‘Што сакаш повеќе, остави ме да разговарам со мајка ми’.

Имам близок однос со двајцата, но тие се карактерно различни и поинаку ги покажуваат емоциите. Со него се слушам сто пати на ден, а кога знае дека не можам да се јавам, заборава. Се случува да се јави, јас да кажам: ‘Вељко, снимам Ѕвезди на Гранд’, а тој: ‘Извини, извини, заборавив’“, раскажа Цеца низ смеа.

Слични објави

Прва фотографија на „Дара од Јасеновац“ од болница — Младата актерка закрепнува по тешката сообраќајка

Е.А.

(Фото) Маја Шупут се забавува на Ибица – пејачката во „гол“ фустан танцуваше со мистериозен маж

Еспресо

Дечкото на Јована Јеремиќ ги покажа мускулите на плажа: „Тигар“ ја одведе водителката на луксузен одмор

Е.А.

 Александра Пријовиќ гола до половина — новиот изглед на пејачката ги шокираше фановите

Е.А.

Синот на Дарко Лазиќ слави роденден – гордите родители споделија емотивни објави

Еспресо

Марија Микиќ опкружена со луксуз на Миконос – пејачката пие шампањ во бикини во облик на школка

Еспресо
Се вчитува....