14:50 - 13 ноември, 2026

Не е Хари, а не е ниту Мата: Дали знаете како всушност се вика популарниот пејач?

Познатиот пејач Хари Варешановиќ стана познат како Хари Мата Хари, меѓутоа, малкумина знаат кое е неговото вистинско име.

Роден од Сараево, Хари кој ретко се претставува со името напишано на неговата лична карта, тврди дека дури и најблиските го викаат по прекарот, додека неговото вистинско име е всушност Хајрудин.

Хари е роден во 1961 година во Сараево како второ дете во работничко семејство, од татко кој бил механичар и мајка која била благајничка. Имал скромно и среќно детство. Никогаш не криел дека сè што постигнал во животот всушност ѝ го должи на мајка си.

„Сè што сум и верувам дека можам да бидам, ѝ го должам на мајка ми!“, рекол Хари неодамна, а во текот на растењето на своите деца се раководел според нејзиниот систем на воспитување.

„Двајцата синови и ќерката се совршено воспитани, а имаа и среќа да најдат прекрасни работни места.“ Дамир и Мак се успешни информатичари, додека Наѓа е докторка, мажена за колега. Тие имаат две деца и живеат во Шварлцвалд“, раскажал Варешановиќ.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....