5.8 C
Скопје
01:14 - 1 април, 2026

Не е добро: Тереза Кесовија за роденден заврши во болница

Тереза Кесовија

Пејачката Тереза ​​Кесовија денеска наполни 86 години, но за жал, овој роденден нема да може да го прослави бидејќи е во болница.

Пејачката со  уморен глас едвај успеа да каже неколку зборови за „Нет.хр“.

„Во болница сум. Извинете, не можам да ви објаснам што ми се случи. Паднав, силно се удрив“, рекла таа.

Додала дека не е важно каде е во моментов и дека не размислува за родендени и прослави.

„Не ми е важно каде сум. Денес сум, утре не. Не ја ни запознав мајка ми, таа ме роди и брзо умре. За мене е смешно да славам роденден”, заклучила Тереза.

Пејачката и минатата година не се чувствуваше добро, по што поради последици од срцев удар беше префрлена во болница. Нејзината здравствена состојба ја загрижи нејзината бројна публика, но Тереза ​​не сака да зборува за здравствените проблеми.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....