18.8 C
Скопје
14:26 - 13 март, 2026

Настинката има четири фази, дали знаете во која сте најзаразни?

Настинката се шири кога при допирање на заразени површини ги допираме носот, очите и устата. Друг начин на пренесување е вдишувањето на ситни капки од носачот на вирусот, кои се разлетуваат низ воздухот по кивање или кашлање на заразеното лице.
Настинката е честа појава во есенските месеци и кон крајот на летото кога имаме нагмалување на температурите, а иако може да ја предизвикаат многу различни вируси, повеќето настинки имаат сличен тек.

ИНФЕКЦИЈА
Сте дошле во контакт со патогенот и тој има можност да предизвика настинка, но сѐ уште нема симптоми. Во овој момент веројатно и не знаете дека сте на пат да развиете настинка.

ИНКУБАЦИЈА (1-3 ДЕНА)
Оваа фаза обично трае помеѓу 24 и 72 часа (или еден до три дена). Со оглед на тоа дека сѐ уште немате симтпоми, помалку е веројатно дека ќе ја ширите настинката на другите, иако тоа е можно.

ПОЈАВА НА СИМПТОМИ (7-10 ДЕНА)
Се појавуваат симптоми кои во просек траат од седум до 10 дена, а некои луѓе имаат долготрајна кашлица до две недели. Раниот симптоматски стадиум се карактеризира со блага непријатност, како надразнето грло, замор и течење на носот. Тешко е да се каже дали имате настинка или сте алергични. Сега сте заразни и може да ја пренесете настинката на другите. Неколку дена од појавата на пораните симптоми доаѓа до кулминацијата на настинката. Симптомите напредуваат, а вклучуваат болки во телото, кивање, течење од носот, воспаление на грлото и кашлица. Сега сте најзаразни.
Раниот симптоматски стадиум се карактеризира со блага нелагодност, како надразнето грло, замор и течење од нос.

ОПОРАВУВАЊЕ
Четвртата фаза е кога конечно почнувате да се чувствувате подобро. Оваа фаза обично почнува околу седум до 10 дена по почетокот на симптоматската фаза, но во зависност од лицето и од вирусот, понекогаш може да потрае и до еден месец. Лекувањето во секоја фаза се сведува на многу одмор и течности. Симптомите можат да се лекуваат со лекови против настинка без рецепт, а може да ги олеснат чај, мед и ѓумбир.

Слични објави

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо
Се вчитува....