13:37 - 6 април, 2026

Најнови инфомрации за Халид Бешлиќ од онкологија: Веста ја „кине“ душата на парчиња

Легендата на фолк музиката Халид Бешлиќ веќе некое време лежи во болница, каде што, според неговиот менаџер и долгогодишен пријател Сабит Саша Дервишевиќ, се лекува на одделот за онкологија. Веста за неговата здравствена состојба ја вознемири јавноста и фановите, но менаџерот вели дека нема причина за паника – пејачот добро реагира на терапијата и се очекува наскоро да биде пуштен дома.

Сабит откри за медиумите дека редовно го посетува Халид и дека се познаваат речиси целиот свој живот. Нивното пријателство датира од нивната младост и како што рече, се запознале одамна, на концерт во Босна.

– Се сеќавам на тој ден, возев Дијана 6 и планирав да ја продадам за да купам Голф. Му го ветив тоа на Синан Сакиќ, но штом го запознав Халид, веднаш се заљубив во него – како личност, а дури потоа и како пејач. Се заинтересира за мојот автомобил и на крајот му го продадов. Оттогаш, па сè до денес, Халид секогаш купува нови автомобили од мене во Франкфурт. Така започна нашето пријателство, дури и пред да почне да работи со Назиф Ѓива. Кога Назиф дојде подоцна, имаше општ распад – се присети Саша.

Денес, децении подоцна, двајцата се уште се неразделни. Сабит го посетил Халид во болницата три или четири пати и нагласува дека пејачот е голем борец:

– Секој што ме познава мене и Халид знае колку сме блиски. Оваа ситуација ми беше тешка, но Халид е голем борец и ќе продолжи да се бори. Тој е навикнат на движење, луѓе и тешко му е да биде мирен. Но, важно е што тој не чувствува болки и прима редовна терапија. Само лекарите можат да коментираат за неговата состојба, а наше е да се молиме за негово закрепнување.

Дервишевиќ, исто така, откри дека лекарите планираат наскоро да го пуштат Халид дома за краток временски период за да може да се одмори од болничката средина.

– Тој добро реагираше на оваа терапија. Дури постои и идеја наскоро да се пушти дома, барем за кратко време, а потоа лекарите ќе одлучат како ќе изгледа продолжувањето на третманот. Како што стојат работите сега, сè оди добро и се надеваме дека ќе биде како што треба – оптимистички рече Сабит, според Ава.

Слични објави

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо
Се вчитува....