5.8 C
Скопје
05:37 - 1 април, 2026

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Српската пејачка Вики Миљковиќ доживеа голема семејна загуба. Нејзиниот брат Владица Миљковиќ почина на 47 години.

Владица во последните месеци од животот водеше битка со тешката болест – ракот, но за жал, ја загуби.

Вики е целосно уништена по смртта на својот брат, но има голема поддршка од колешката и кума, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Цеца и во текот на периодот на борбата на Владица со болеста, била секогаш тука за Вики, а откако пристигнала трагичната вест, таа занемела.

Миљковиќ се огласи по смртта на својот брат. Таа на Инстаграм сподели фотографија со Владица со емотивна порака, а Цеца реагираше на објавата.

– Вакви зборови никогаш не сакав да напишам… Никогаш нема да разберам зошто најдобрите заминуваат прерано… Твојата музика, твојата сила, твојот дух, сето тоа сега уште посилно одекнува, бидејќи те нема, но твојата љубов е вечна – порачала Вики.

 

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....