6.8 C
Скопје
02:51 - 31 март, 2026

На принцот Хари не му е лесно: Мајката на Меган е главна во нивното семејство!

Светските медиуми пишуваа дека принцот Хари претрпел нервен слом околу божикните празници, но семејството не излезе да ја потврди или демантира оваа информација.

Сега пак, се претпоставува дека најголем, а воедно и единствен виновник за „мегзит“ е никој друг, туку мајката на Меган Маркл.

Дорија Рагланд се досели кај Меган и Хари веднаш по раѓањето на малиот Арчи. Блиски луѓе на кралското семејство тврдат дека таа има огромно влијание врз семејните одлуки, а неретко се случува Хари самиот да бара совет за нешто од неа.

Таа буквално станала потпорен ѕид на младиот брачен пар, а наводно, Хари во неа препознал мајчинска фигура, која му била потребна поголем дел од неговиот живот.

Се зборува дека таа била со нив на Божик во Канада, каде се случил наводниот нервен слом, по што го изразила своето мислење дека најдобро би било тие да се одделат од кралското семејство.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....