13.8 C
Скопје
10:45 - 4 април, 2025

На овој датум Јелена Карлеуша и Никола Јовановиќ се „смувале“? Од тој ден почнало сѐ, еве кој го направил првиот чекор

Откако српската пејачка Јелена Карлеуша неодамна го избра кошаркарот Никола Јовановиќ за најзгоден спортист, шпекулациите околу нив не стивнуваат, пишува „Еспресо.рс“.

Неговото име кај Јелена секогаш предизвикува насмевка на лицето, а пејачката избира да остане недоречена кога е во прашање нивниот однос.

Меѓутоа, дали знаете како сè започнало?

Социјалните мрежи „пламнаа“ на 7 декември 2023 година поради потегот на српскиот кошаркар.

Тој тогаш на Инстаграм ја заследи Јелена Карлеуша, а уште тогаш се појавија теории дека фрлил око на атрактивната пејачка.

Карлеуша веднаш му возвратила.

Социјалните мрежи „изгореа“ од коментарите како „Никола фрли око на Карли“, „Јовановиќ полуде по Карлеуша“, „Сите повторно лудуваат по Јелена“ и други на сличен начин.

Да потсетиме, Никола Јовановиќ е српски кошаркар. Роден е на 6 јануари 1994 година во Белград, на Врачар.

Јовановиќ поминал низ помладите селекции на Црвена звезда, а бил и една година во Партизан пред да замине во САД во 2012 година на усовршување.

Прво поминал една година во средното училиште Арлингтон Кантри Деј, по што заминал на познатиот Универзитет во Јужна Калифорнија каде три години играл за Тројанците. По третата година се пријавил на НБА драфтот, на кој не поминал, па својата шанса во НБА ја барал преку летната лига, каде прво настапувал за Детроит, а потоа и за Лос Анџелес Лејкерс.

Никола Јовановиќ е српски професионален кошаркар на Антверпен Џајантс од BNXT лигата.

Слични објави

Дара Бубамара отишла на липосукција: Пејачката трпела огромни болки

Еспресо

(Видео) „Ова е венчален прстен, младоженецот се крие“: Цеца на раката покажа бурма, сите збунети

Еспресо

Хороскоп за 4 април: Бикови, освојувате од старт, Овните имаат сè, освен љубов!

Еспресо

(Фото) Катарина со драстични мерки: Ее што му напиша на гаќите на Дарко Лазиќ!

Еспресо

Ѓани е во голем минус поради повредата, жена му искрена: „Само нека е жив и здрав!“

Еспресо

Наташа Беквалац хоспитализирана! Пејачката се огласи од болница со важна порака

Еспресо