8.8 C
Скопје
21:14 - 11 април, 2025

(ФОТО) НА ГОЛМАНКАТА ВИТАНОВА САМИ Ѝ СЕ РЕДАТ КОЦКИТЕ: Во фудбалот останувам засекогаш, но сега во друга улога!

Витанова е пред нова животна патека. Секогаш насмеана и полна со позитивна енергија, себеси се смета за лик на кој секогаш му се редат коцките сами по себе. И многу е расположена за нови предизвици.

Разговараме со македонската голманка Весна Витанова, која живее во Малта каде ги бранеше боите на „Свиѓи“ од Малта. Завчера на социјалната мрежа Фејсбук, Весна  објави:

„По 15 годишно активно играње фудбал крајот не можеше да биде поубав, опкружена со најдобрите од малтешкиот женски фудбал. Престиж е самото појавување на номинациите, каде што го процениле мојот труд и потенцијал во изминатите години и ме избраа да бидам дел од елитата. Среќна и благодарна го завршувам фудбалското искуство со најубави моменти врежани во срцето за цел живот“.

приватна архива

 Зошто ја донесе одлуката да се повлечеш од фудбалот?

– Од фудбалот не се повлекувам, се повлекувам само од активното играње. Одлуката е само да прекинам со тренинзи кои ги обавував во сите изминати години, редовно и без отстапки. Инаку, од фудбалот не се повлекувам дефинитивно бидејќи и тоа што го работам во изминатите 6 години во Малта каде сум репортер за една компанија од Малтешката Премиер Лига, е фудбал и само фудбал. А тоа беше една и од причините за самото доаѓање на островот. Јас сум и лиценциран тренер на УЕФА и ФИФА, така што дефинитивно во фудбалот останувам засекогаш, но сега во друга улога. Затоа и не сметам дека се повлекувам од фудбалот, туку започнувам нова дружба со фудбалот, на друго ниво.

Во Малта е ангажирана и како репортерка, фото – приватна архива
Со синчето Лео, фото-приватна архива

Дали оваа одлука го става под знак прашање твојот престој, како и престојот на семејството, во Малта?

– Не, никако! Мојата одлука за престанок на активното играње нема никаква врска со мојот статус во државата. Јас сум жител на оваа земја со регулиран статус по сите параметри и со сите обврски, како и бенефити кои ги нуди островов. Фудбалските тренинзи ми беа едно хоби, катче каде што можев да се исклучам од секојдневните понекогаш и хаотични ситуации кои ги носи денот и работните обврски и да си посветам време за себе. А тоа го сметам за едно од најважните елементи, да си имаш и време исклучиво за себе, на начин кој те чисти и смирува. Мојата фудбалска медитација. Со обврските околу Лео, дома и работа, едноставно имав потреба од физичка активност, а од друга страна добивав и мотивација која пак ме стимулира да бидам подобра во секој поглед.

Со што понатаму планираш да се занимаваш во животот, на што ќе ја насочиш целата твоја енергија?

– Секогаш имам интересни идеи и фантазија и секогаш си ги реализирам, порано или подоцна, но, ретко гледам долгорочно на работите. За сега приоритет ми е да земам здив, да уживам во летото, во морето. Како што реков, скоро три години тука, пет ноќи во неделата бев отсутна – поради тренинзите- и сакам да уживам со детето, да заспиваме заедно секоја вечер со различна приказна. На еден начин мојата енергија засега е насочена кон него.

Уживам во овие месеци без вечерните фудбалски обврски, а се радувам и што поддршката ја имам од сите страни. И исто така се сметам за лик кому секогаш коцките му се редат сами по себе. И секогаш сум расположена за секакви позитивни предизвици, па така и во сегашнава одлука и мојата нова патека низ животот, без активни задолжителни секојдневни фудбалски тренинзи.

приватна архива

Јасмина Кантарџиева Димков

Фото – Приватна архива

Слични објави

Јована Јеремиќ призна колку е љубоморна во врската: Водителката ги прозва бившите на Драган

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ во многу непријатна ситуација: Катарина отворено призна што ѝ смета кај нејзиниот сопруг

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ купија вила од милион долари: Погледнете го луксузот во кој живеат

Еспресо

(Фото) Дара Бубамара ужива во луксузен стан од 200.000 евра во Нови Сад! Мебелот вреди цело богатство

Еспресо

„Никогаш не сум побрзо пропаднала, како овие два месеци! Кристина Ковач загрижена за своето здравје, откри со што се бори

Еспресо

Ѕвездата на „Вовед во анатомија“ откри дека боледува од неизлечива болест

Еспресо