09:19 - 15 јануари, 2026

Му симнуваме шапка на Чедомир: Леандри, бугенвилии и хибискуси кои зборуваат, зад оваа убавина стои машка рака и 40-годишно искуство!

Чедомир Гиевски работел во Окта, а последниве пет месеци е во пензија. Но, ако случајно помисливте дека пензионерските живот значи лежење, одморање, гледање телевизија…е, не е баш така! Чедомир дури сега има полни раце работа. Па погледнете ја само оваа рацутена убавина, зеленило, ред и мир, и замислете си колку труд стои зад дворот.

– Со цвеќиња се занимавам некаде 35, можеби и 40 години. Самиот се грижам за нив, освен за поливање понекогаш кога не сум дома, кога сум на одмор и слично, мајка ми, и синот ги преземаат обврските – ни вели Чедомир.

Вели дека дворот е мал, околу 150 квадратни метри, а ние двапати препрашуваме – мал? Зарем 150 квадратни метри се малку?! Ама, очигледно Чедомир е скромен, иако сме сите сигурни дека ова обработено парче земја е сосема доволно за и растенијата да си имаат своја комоција под сонцето.

Инаку, дворот се наоѓа пред населбата Радишани, Скопје.

– Во дворот доминираат три видови цвеќиња. Леандри, бугенвилии и хибискуси, имам уште 10-15 други видови – ни објаснува овој господин.

Секојдневно на цвеќињата им посветувал најмалку 2 до 3 часа додека бил зафатен со работното место, но сега – уште повеќе, или како што вели – од изгрејсонце до зајдисонце.

– Сега кога сум во пензија и повеќе време сум со нив од изгрејсонце до приквечер. Омилено цвеќе ми е бугенвилијата. Преку зима повеќето ги внесувам во затворен осветлен простор каде не се затоплува, одвреме -навреме поретко залевање може и прихрана на некои“ – ни раскажува Чедомир и додава – Цвеќињата се како децата, мора да ги сакате и да им се посветите. На време да ги снабдите со вода, прихрана, навреме да ги проверите лисјата, цветовите, да не има лиснати вошки и навреме да се третираат.

Инаку, Чедомир е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија. 

Фо

Фото – приватна архива

Македонски двор во Германија кој одзема здив: Ане ни ги отвора вратите на цветниот рај

Слични објави

Откако се испокараа „за сите пари“: Ана Николиќ и Рале повторно се смирија, а композиторот конечно проговори

Еспресо

Дневен хороскоп за 15 јануари: Идеален ден за преземање иницијатива

apostolova

(Фото) Луѓето шокирани од најновата објава на Колинда: „Како девојка 20 години помлада“!

Еспресо

„Не знам како да се носам со болката“: Огласувањето на Ана Бекута по скандалот во Чачак

apostolova

Сека Алексиќ жестоко за нападот врз Ана Бекута во Чачак: „Многу ми е жал, таа нема ниедна дамка во кариерата“

Еспресо

Поранешниот сопруг на Марија Микиќ го „запали“ интернетот: Се соблече и го покажа мокрото тело

E.A.
Се вчитува....