11:17 - 13 ноември, 2026

( Фото) „Можеше да ме убие“: Јована Јеремиќ ѝ погледна на смртта во очи, водителката откри низ каква драма поминала

Познатата водителка Јована Јеремиќ често нагласува колку ги сака коњите, а јавањето е хоби кое за момент ја оддалечува од градската врева. Сепак, колку и да го сака јавањето, овој спорт носи и доза на ризик, особено за оние кои сè уште се во процес на совладување на техниката.

Токму ова го докажа најновата објава на Јована на Инстаграм, во која таа сподели со своите следбеници драматичен момент што го доживеала.

– Денес ја погледнав смртта во очи и победив – напиша Јована на почетокот на емотивната објава, а потоа откри дека за време на јавањето доживеала многу ризична ситуација што лесно можела да заврши трагично.

Имено, коњот што го јавала водителката во еден момент почнал неконтролирано да галопира, иако Јована, како што самата наведува, сè уште не ја совладала оваа техника на јавање.

– Денес буквално можеше да ме убие, но му простив. Ги пуштив уздите и тој започна галоп од 60 секунди, а јас не знам како да галопирам. Знам само како да каскам. Успеав да го контролирам со сила против стравот. Никогаш не покажувај страв на коњ. Едноставно не сакав да му го покажам тоа. Ги повлеков уздите најсилно што можев и тој застана. Ја погледнав смртта во очи и победив – рече Јована.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....