14.8 C
Скопје
14:54 - 29 март, 2025

Монструозно убиство во Србија, таткото го тепал девојчето до смрт, мајката гледала и молчела: „Распарчен ѝ е и црниот дроб“

Заечарската полиција го уапсила Милош Н.(24) од околината на Власотинац поради сомнение дека до смрт ја претепал својата двегодишна поќерка Петра! Лисици ѝ биле ставени и на мајката Јелена Т.(22) од заечарското село Грљан, која се товари за запуштање и напуштање на детето!

Случајот бил откриен завчера околу 15 часот, кога млада жена влетала во Здравствениот дом Заечар, на детското одделение, носејќи во рацете онесвестено девојче. Лекарите веднаш го реанимирале детето и се обиделе да го спасат. Побарале и да се подготви брза помош за итно да го префрли девојчето во нишкиот клинички центар. За жал, еден час подоцна девојчето починало.

-Детето им подлегна на тешките повреди во заечарската болница, кои, како што се дознава, ги предизвикал нејзиниот очув. Мајката знаела дека нејзиниот сопруг го тепа детето, но никогаш не пријавила кај властите. Кога ја прашале како се повредила, таа рече дека паднала – вели изворот за српски „Ало“.

На Милош и Јелена им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство во Зајечар.

Според соседите, оваа млада двојка пред три месеци се вселила во едно ипол собен стан на во Зајечар, каде што живееле како подстанари. Кога се запознале, жената веќе имала ќерка.

– Тие живеат многу блиску до нас. Не се дружевме, само попатно се поздравувавме. Никогаш не слушнавме викање или расправија од нивниот стан. Ниту детски плач не се слушна. Тие не се ни тука во последните десет дена. Тие биле или во Грљан кај неа или кај него во Власотинац. Дојдоа вчера, а точно напладне се случи оваа страшна трагедија – велат соседите.

Немања Владуловиќ, таткото на убиеното девојче, за српските медиуми изјави дека полицијата му кажала што се случило.

– Додека бевме заедно Јелена ги заклучи децата во станот и си замина. Ги отклучував кога се враќав од работа. Милош ми го тепаше и фрлаше и синот, па отидов да го спасам. Ги посетив, но не влегов во куќата – изјави Немања, кому судот му доделил старателство над двете поголеми деца.

Според наводите, не се знаело што се случило додека полицијата во одреден момент не затропала на нивната врата.

– Околу 18 часот дојдоа кај нас и прашаа дали слушнавме нешто. Не ни знаевме за што се работи. Бевме шокирани затоа што навистина не слушнавме ништо, веројатно поради телевизорот. Потоа полицијата отишла во нивниот стан и таму останала до 21 часот. Имаше, ми се чини, повеќе од десетина полицајци и инспектори – раскажува сосед.

-Истрагата треба да покаже со што е претепано детето. Постои сомнеж дека употребил некои предмети, па дури и дека ѝ ја удрил главата од ѕид. Најдовме и делови од искината детска гардероба, како и искината коса! Врз основа на материјални докази откривме дека детето бегало од осомничениот – вели изворот на српски „Ало“.

Иако се се уште неофицијално,  се знае дека обдукцијата покажала дека девојчето имало повеќе повреди на главата, од кои едната била фатална. Покрај тоа, пронајден е и расцепен црн дроб!

 

Слични објави

Се превртувам кога ќе го видам тоа на маж! Јована Јеремиќ им одржа лекција на гостите во студиото!

Еспресо

(Фото+видео) Маја Николиќ шокира со новиот изглед: Пејачката целосно се трансформираше, има нова боја на косата

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Лавовите ќе имаат проблем со пари, Девиците ќе потонат во монотонија со партнерот

Еспресо

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо
Се вчитува....